
Облечете чизми со умерено висока потпетица која сепак ќе биде доволно дебела да ви даде сигурност во чекорењето по натапканиот снег.
СИТУАЦИЈА 1:
Пријателките ве поканија на кафе во некој градски локал. Трач ќе има многу, а и забавни детали од вашите љубовни врски.
Ден после Св. Валентин еве уште една неисцрпна тема... Што ви подри момчето, каде ве однесе или разочарани од љубовта славевте Св. Трифун. Локалот веќе го прецизиравте, остана само уште една дилема – што да облечете?
Временските услови сами по себе ви наложуваат некои правила, па така мора да направите хармонија меѓу практичноста на вашата зимска комбинација и дозата на сексапил.
Еве го нашиот избор за кафе преку ден:
NotForMen препорака: Плетени џемпери: Топло и модерно
СИТУАЦИЈА 2:
Момчето кое одамна ви се допаѓа конечно ве покани на кафе. Во 22 часот вечерва центарот на градот е вашата дестинација.
Најверојатно го пропушти Св. Валентин за да не испадне уште во почетокот премногу сериозен во намерите кон вас или пак едноставно сакаше да го прослави Св. Трифун со другарите. Како и да е, тој е вашата мета веќе поодамна, па не смеете да изгледате ништо помалку од совршено, но сепак не премногу претенциозно.
Облечете чизми со умерено висока потпетица која сепак ќе биде доволно дебела да ви даде сигурност во чекорењето по натапканиот снег. Сигурно не сакате да ве види како паѓате на првиот состанок.
Тесните фармерки кои ја оцртуваат вашата силуета се секогаш вистинскиот избор, па одете на оваа сигурна карта вечерва.
Еве го нашиот избор за кафе навечер:
.gif)






















.gif)























