
Монотонијата на работното секојдневие разведрете ја со поинаков стил кој подразбира едноставност со префинети материјали и модели кои совршено ја истакнуваат вашата силуета.
За вашата дневен изглед во канцеларијата, одберете едноставен модел на фустан во една боја и додадете ремен, чанта и чевли во друга боја, додека пак за деловните состаноци или бизнис коктели ви предлагаме пософистицирани модели на фустани.
Погледнете ги моделите кои ќе ве направат деловна дама со стил!
За во канцеларија
Моделите со должина до под колена се вистински избор за вашата денска појава во канцеларијата. Изберете еднобоен фустан на кој можете да додадете аксесоари според вашето расположение.
Оваа зима, одлучете се за топли материјали како што се памукот и волната. Изгледот можете да го дополните со марама.
Погледнете ги моделите на Phillip Lim.
За вечерни деловни средби
За вашите вечерни деловни состаноци, одлучете се за малку поразиграни модели на фустани. Истакенте ги нозете со пократки модели, но во тој случај прекријте го деколтето или одлучете се за модел со ракави.
Темните тонови заменете ги со поведри, како на пример, кралско сина, маслинесто зелена и сите нијанси на црвено или портокалово.
Погледнете ги моделите на By Malene Birger.
.gif)






















.gif)























