
Ниските температури не треба да бидат причина да заборавите на мини фустаните или кратките туники. Се подразбира дека тие треба да бидат со долги ракави или да ги носите над ролка, да бидат од топол и пријатен материјал и да ги комбинирате со дебели холохопки во интересна боја и дезен.
Погледнете ги моделите на тренд туники и фустани во една, две или три бои и побрзајте да си набавите по еден од сите три категории за оваа зима!
Еднобојна елеганција
Еднобојноста и едноставноста на моделот се загарантиран моден погодок за вашата денска комбинација. Истовремено имате простор да експериментирате со изборот на најразлични аксесоари. Носете ги со впечатливи чевли и чанта или оригинален накит.
H&M, Miss Seffridge ( слика 1, 2 и 3) и Massimo Dutti
Ремен во друга боја
Плетената туника во неутрална боја совршено изгледа доколку се носи со кожен ремен во друга боја на половината. Крем нијансите најдобро се вклопуваат со ремен во кафена боја.
Носете ги со холохопки со ексцентрични дезени и бои.
Ann Christine, H&M и Massimo Dutti (слика 3, 4 и 5)
Геометриски форми во три бои
Бидете забележани со плетена туника со интересни форми во три различни бои или со софистициран модел на фустан со строги геометриски фигури во стилот на 70-ите.
Екстремно спротивните бои и прецизните линии ќе ве направат поинаква дури и во обичен ден. Носете ги со едноставни чевли и чанта, а накитот сведете го на минимум.
Dorothy Perkins (слика 1 и 2), River Island, Massimo Dutti и Miss Selfrigde
.gif)






















.gif)























