
За вашите денови исполнети со обврски ви предлагаме едноставен модел на капут кој ќе ве стопли и покрај ниските температури, чевли со полна потпетица за удобен чекор и интересен модел на чанта.
Едноставен крој
Едноставен и истовремено елегантен крој на вашиот капут е гаранција да бидете забележани во овие студени зимски денови. Од модните центри предлагаат секакви должини и бои на моделите на капути. Одлучете се за класичните зимски бои – црната, сивата и песочната нијанса.
Ann Christine, Massimo Dutti, Rag&Bone,The Row, Vanessa Bruno Athe
Оригинални модели на чанти
Вашиот изглед не би бил комплетен без соодветна чанта. Кафените нијанси одлично се вклопуваат во вашиот зимски изглед. Чантата освен голема и практична треба да биде и со впечатлив модел во две или повеќе бои.
Chloe (слика 1 и 2), Lanvin, Reed Krakoff,Yves Saint Laurent
Чевли со полна потпетица
Вашето секојдневие ќе биде удобно, но и ултра модерно со чевли со полна потпетица од кафена кожа. Моделите одлично ги дополнуваат вашите секојдневни денски комбинации, а додатокот од крзно или врзувачките се моден погодок број еден за сезонава.
Tom Tailor, Ann Christine, Miss Selfridge (слика 3 и 4), Nine West
.gif)






















.gif)























