
За вашиот вечерен изглед одберете фустан со едноставен, но истовремено елегантен крој. Интересниот принт каков што е трендовскиот животински е одличен избор доколку посакувате оригинална појава, додека пак за да додадете софистицираност одлучете се за тантела.
Изгледот комплетирајте го со елегантно сако и интересна плик чанта.
Фустан до колена
Одлучете се за фустан со должина до колената со модел кој се шири од половината па надолу.
Нагласете ја половината со тенок ремен или елегантна лента. Животиснкиот принт е особено актуелен сезонава така да нема да погрешите доколку се одлучите за истиот. Црно-бела класика, сиви тонови или пастелни нијанси - одберете ја бојата според расположението.
Milly, Philip Lim, Thakoon Addition, Valentino, Viommet
Елегантно сако
За да го комплетирате вашиот изглед одберете елегантно сако со едноставен крој. Mango предлага модели во бела боја со неколку копчиња на предниот дел, додека H&M нуди пософистицирани модели со ракави до лактите и лента за врзување на половината.
Mango(слика 1, 2 и 3), H&M
Плик чанти
Малата чанта за вашиот свечен изглед треба да биде оригинална. Дизајнерите нудат модели од впечатливи материјали и специфични детали. Огромни панделки, црно-бела графика или животински принт нека биде вашиот избор за плик чанта која ќе го дополни вашиот изглед.
Valentino, Anya Hindmarch, Christian Louboutin, Michael Kors, Alexander McQueen
.gif)






















.gif)























