Колекцијата на Stephane Rolland за есен/зима за 2010-2011 година, која изобилува со прекрасни, долги, свечени фустани. Колекцијата, презентирана овој месец на модната недела во Париз, постигна успех со темните бои и светкавите детали. Комбинацијата со високите потпетици беше исто така голем хит.
Колекцијата на Christophe Lemaire за есен/зима за 2010-2011 година, која изобилува со машки и женски модели, овој месец беше презентирана на модната недела во Париз. Белата боја е препознатлива за дизајнерот, а долгите панталони и кошули се заштитниот знак на оваа колекција. Колекцијата не е комбинирана со високи потпетици туку со најобични апостолки.
Колекцијата на Franck Sorbier за есен - зима за 2010 - 2011 година, доживеа огромен успех на модните писти во Парис. Во колекцијата доминираат мрачните бои, но не се изоставени неколку парчиња на заводливи фустани во црвена и розова боја. Дизајнерот направил одлична комбинација со мрачна шминка и високи потпетици.
Колекцијата на Valentino за есен/зима за 2010-2011 година, ја воодушеви присутната публика на модната недела во Парис. Преовладува со свечени фустани, во најразлична должина. Во колекцијата доминираат белата и црната боја, но и нијанси на светла розова и сива. Фустаните одат во комбинација со балетанки. Како модни детали се сретнуваат ракавиците, големите цветови и делови од тантела.
Колекцијата на Maison Rabih Kayrouz за есен зима за 2010-2011 година одлично помина на модната недела во Парис. Во колекцијата доминираат јаките бои како зелената, жолатата, сината, црвената, но не се изоставени и белата, бежовата, светлата кафен... Свечените долги фустани се комбинирани со мали каиши.
Колекцијата на Elie Saab за есен/зима 2010 - 2011 година беше успешно презентирана на модната недела во Парис. На ревијата, која имаше голема посетеност, се презентираа моделите за есен/зима 2010 - 2011 година. Колекцијата преовладува со свечени и долги фустани во комбинација со високи потпетици. Во колекцијата доминираат светлите бои, но на црвената се обрнува најголемо внимание.
Колекцијата на Badgley Mischka за 2011 година, која не е презентирана на модните писти, преовладува со свечени фустани, кошули и панталони, кои секако се комбинирани со високи потпетици и елегантен накит. Во колекцијата доминираат пастелните бои, но можат да се сретнат и потемни бои.
Колекцијата на Malandrino + FFAWN за 2011 година преовладува со свечени фустани, кошули и панталони, кои секако одат во комбинација со високи потпетици. Во колекцијата доминира најмногу црната боја, но можат да се сретнат и посветли бои. Како модни додатоци се искористени најразлични циркони.
Колекцијата на Isaac Mizrahi за 2011 година се уште не е презентирана на модните писти, но веќе е подготвена и се чека вистинското време. Во колекцијата доминираат светлите бои во комбинација со ниски чевли. Како модни додатоци на свечените и дневните парчиња се сретнуваат големите панделки.