Колекцијата на Christophe Lemaire за есен/зима за 2010-2011 година, која изобилува со машки и женски модели, овој месец беше презентирана на модната недела во Париз. Белата боја е препознатлива за дизајнерот, а долгите панталони и кошули се заштитниот знак на оваа колекција. Колекцијата не е комбинирана со високи потпетици туку со најобични апостолки.