Колекцијата на Louis Vuitton за 2011 година се уште не е презентирана на модните писти. Во колекцијата доминираат светлите бои и затворени фустани во цветни дезени. Палтата се од лесен летен материјал на куси ракави. Колекцијата е комбинирана со ниски обувки.
Колекцијата на G.V.G.V за есен 2010 презентирана на модната недела во Токио. Доминираше црвената боја и романтичноста во фустаните. Застапени беа повеќе материјали, од кожени здолништа па се до кадифени наметки во комбинација со чизми до глужд и отворени прсти.
На модната недела во Париз со својата есен/зима колекција се претстави и Kenzo. Колекцијата изобилуваше со долги, цветни здолништа и фустани, модни додатоци како капи и шалови и интересни палта. На кусо, весели и комотни парчиња облека.
Слободно можеме да кажеме дека Ready to Wear колекцијата на Valentino за есен/зима 2010-2011, ја одбележа модната недела во Париз. Мајсторски изведени кроеви на палтата и здолништата со помош на фасцинантните карнери. Нежните фустанчиња беа комбинирани со кратки бунди, чантите останаа лакирани, а чевлите беа збогатени со нитни.
Ralph Lauren колекцијата за пролет 2010, презентирана на Mercedes Benz модната недела во Њујорк. Дизајнерот дефинитивно го врати тексасот на модната сцена, 90-тите како инспирација можеа да се забележат преку целосните панталони и кошулите во функција на фустани. Моделите преку качкетите и елеците потсетуваа на урбани девојки од село.
Ready To Wear колекција на Hermes за есен/зима 2010-2011 презентирана во Париз. Кожени панталони, чизми над колена, палта и капути, шапки...моделите наликуваа на јавачи на коњи. Чантите беа во форма на коцка, а здолништата со карнери и загасени тонови одлично се надополнуваа со модерните јакни.
На модната недела во Париз, со своја колекција се претстави и Cacharel. Овој пат во нивно име дизајнираше Cedric Charlier, употребувајќи темни земјени тонови и загасена зелена, жолта, портокалова и огнено црвена направи едноставни и комотни парчиња облека.
Есенската колекција на Michael Kors беше претставена на модната недела во Њујорк. Ексклузивни парчиња, крзнени бунди, златни додатоци, колекцијата нема да ве остави рамнодушни. Особено обрнете внимание на чизмите и крзнените елеци со колан на средина.
За пролет/лето Haute Couture 2010 колекцијата, модната куќа Valentino на модната недела во Париз се претстави со креациите на Maria Grazia Chiuri и Pier Paolo Piccioli. Лесни материјали, весели бои и необични кроеви. Моделите изгледаа како се обвиени со завој.
Alexander McQueen пролет/лето 2010 Ready to Wear Collection. Трагично починатиот урбан дизајнер и овој пат се претстави со својата футуристичка колекција. Уникатни високи потпетици чиј фан инстантно постана, кој друг ако не Lady Gaga. Фустани со живи бои од џунглата и кожени панталони, беа само дел од она што можеше да се види на ревијата во Париз.