Инфо
|
МОТО: ЈАС СУМ КАРАКТЕРИСТИКИ: одважна, импулсивна, своеглава, динамична. Има најсилна енергија, но нема истрајна волја. ПЛАНЕТА: Марс ПРОФЕСИЈА: политичар, инженер, адвокат, комичар, војник, хемичар, астроном, хирург, месар, бербер. МАНА: арогантна, непромислена. ПОВОЛЕН ДЕН ЗА ЉУБОВ: Сабота. |
Љубов
|
Ќе ви недостига такт и речитост во љубовните односи. Затоа е важно да се контролирате, вашите љубовни очекувања да ги ставите на разумна граница и да се фокусирате на она што е добро за двајцата. Избегнувајте ги непотребните зборови и со прегратка покажете што чувствувате. |
Кариера
|
Нема да ја добиете целосната поддршка од другите на работното место. Ќе имате и недостиг на енергија. Ќе бидете поактивни во соработката со млади луѓе. Треба да заиграте во ова подрачје затоа што може да ви се отвори прилика која не ја очекувате, а би била добра за вас. |
Здравје
|
Освен смален имунитет, овие денови ќе имате и недостаток на енергија. Добро би било ако го намалите темпото. Избегнувајте напори. Што полесно, тоа подобро за вас. |














