
Секоја невеста сака да изгледа совршено на денот на свадбата. Затоа диета пред свадба не е ништо ново за девојките. Но, што ќе се случи откако ќе го кажете судбоносното ДА?
Според најновото истражување, 22 % од невестите уште во првата година од бракот ја враќаат својата телесна тежина. Во просек секоја жена се здебелува за 6 килограми, додека секоја 5-та се здебелува и повеќе од 6 килограми. Причината е едноставна, младите сопружници јадат повеќе храна од вообичаеното.
Но, жените признаваат и дека откако ќе стапат во брак помалку водат сметка за својот изглед. 42 % од 3.000 испитаници одговориле дека се премногу отпуштени пред партнерот, а 22 % сметаат дека сопругот значи и крај на маките поврзани со изгледот.
Стручњаците велат дека таквото однесување е нормално бидејќи жените повеќе немаат цел за да одржуваат линија. Свадбата поминала и работата е завршена. Но, ние велиме да поставите нова цел - за свое лично задоволство и за мерак на партнерот што ќе ужива да ве гледа згодна.
.gif)


















.gif)























