Патиките полоши од високите потпетици

snikers

Здрава пета е онаа пета која што не носи потпетици повисоки од 2 см

Сите добро знаеме дека постојано не предупредуваат за високите потпетици, колку тие се навистина штетни. Факт е дека носењето на високи потпетици не е убаво бидејќи во таа ситуација телото се наоѓа во многу лоша положба. Иако можеби убаво изгледате, сепак таа положба му создава големи проблеми на р'бетниот столб. Но според резултатите од најновото истражување патиките претставуваат уште поголема опасност за здравјето.

Имено, научниците тврдат дека трчањето во патики создава притисок врз зглобовите кој е многу поголем од оној кој би се создал кога би трчале боси или на високи потпетици.

ЗА ИЛИ ПРОТИВ?
Високите потпетици
можат да предизвикаат кршење на коските на стапалата, сраснати нокти, крвави прсти, воспаление на перничињата на стапалата, болки во колената и грбот. За среќа, високите потпетици имаат и своја светла страна: во нив нозете изгледаат елегантно, секси и повеќе внимаваме на држењето.
Рамните чевли
предизвикуваат неправилно одење во кои стапалата се свртени навнатре, не порамнување на палците со останатите прсти, што може да предизвика бол и вкочанетост, воспаление и артритис на колената, болки во грбот и друго. Добра работа е што со нив постојат помалку шанси да си изместиме зглоб и поздрави се за грбот.

Сознанието до кое било дојдено со ова истражување е дека иако патиките ги штитат стапалата, при ударот врз површина на земјата, силата се пренесува на зглобовите, колената, колковите при што се создава притисок кој подоцна може да предизвика сериозни проблеми.

Во истражувањето учествувале 68 атлетичари кои до сега немале историја на повреди. После низа испитувања утврдено е дека при носењето патики притисокот врз зглобовите на колковите се зголемува дури за 54 проценти, а притисокот врз колената расте за цели 36 проценти.

Дополнителен притисок врз зглобовите и колковите создаваат патиките со дебели ѓонови, вели Casey Kerrigan, предводник на истражувањето.


 
Unique-avgust

Error: Any articles to show

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)