
Љубовта се состои од три научно докажани компоненти, а тоа се страст, посветеност и интимност
Многу научници своето драгоцено време го посветија на истражувањето за љубовта и за се што е поврзано со љубовта. Тоа го сторил и психологот Robert Sternberg кој дошол до теорија која се состои од три компоненти.
Судејќи според сознанијата до кои дошол овој психолог, љубовта се состои од три научно докажани компоненти, а тоа се страст, посветеност и интимност.
Страста е мотивирачка компонента што е базирана на сексуалната желба. Посветеноста е когнитивна компонента која произлегува од потребата за заедничка одговорност и заедничка издржливост и истрајност кога се во прашање тешките моменти во врската. Интимноста е емоционалната компонента со длабока поврзаност по позадина.
Sternberg тврди дека љубовта станува „ранлива" кога мотивирачката компонента - страста во врската почнува да опаѓа. Ако сакате да го решите проблемот, тогаш фокусирајте се на посветеноста и на интимноста, бидејќи само така ќе ја одржите врската.














































