
Решавањето на задачите одело многу полесно и побрзо, откако на волонтерите им биле дадени одредени состојки кои ги има во чоколадото. Станува збор за флавонидите, кои ги има и во топлото какао.
Иако се соочиле со тешки математички проблеми, кај волонтерите не била забележана голема ментална исцрпеност и умор.
Нутриционистичкото истражување го спровел професорот David Kennedy на универзитетот "Northumbria", истакнувајќи дека бенефициите од чоколадото се огромни за било какви ментални предизвици.
Според истражувањето, оние студенти кои конзумираат чоколадо додека ги подготвуваат испитите имаат поголеми шанси за повисоки поени. Бидејќи флавонидите од чоколадото предизвикуваат зголемување на дотокот на крв во мозокот.
30 волонтери биле поделени во 3 групи и нивната задача била да бројат наназад, почнувајќи од случајно избран број, помеѓу 800 и 999.
Истражувачите потврдиле дека откако им било дадено топло какао, волонтерите броеле побрзо и попрецизно. Што не било случај, кога од нив се барало да бројат наназад поделени во 7 групи. Тоа било потешка задача, за која се активирал друг дел од мозокот.
Волонтерите во текот на истражувањето примиле вкупно количество од 500 mg флавониди. Тоа е премногу големо количество за да се внесе само преку чоколадо. Затоа научниците советуваат дека и зеленчукот и овошјето се исто така голем извор на оваа состојка и никако не смеат да изостануваат од исхраната.
Било потврдено дека црното чоколадо многу повеќе ја содржи хемиската состојка за разлика од млечното.
.gif)


















.gif)























