
130 километри на час е брзината со која воздухот излегува од носот додека киваме
Кивањето е симптом за настинка, но според последните истражувања и симптом дека имате потреба за секс! Стручњаците тврдат дека кивањето е одличен показател за желбите и намерите на поединците.
СЕКСИ КИВАЊЕ...
Британското истражување покажало дека луѓето киваат кога низ главата им поминуваат еротски мисли или кога се сексуално возбудени.Кивањето е манифестација на надразнетиот нос, што предизвикува исфрлање на воздух со брзина и до 150 километри на час.
|
|
Научниците што се занимаваат со истражување на природата на кивањето, нагласуваат дека таа реакција кај некои луѓе се јавува штом помислат на секс, но исто така истакнуваат дека причината за тоа е оштетениот нервен систем.
Централниот нервен систем праќа сигнал во носната шуплина и кај некои личности тоа предизвикува кивање кога се сексуално возбудени. Се претпоставува дека ваквата појава е наследна, но се уште не е познато во колкава мера е распространета кај луѓето.
Психологот Harold Maxwell со оваа појава се соочил откако неколку пациенти му се пожалиле дека неконтролирано киваат секој пат кога ќе помислат на секс, а некои и во текот и по оргазмот.














































