
Нивото на тестостерон кај мажите се зголемува кога ќе го помирисаат природниот мирис на жената
Жените кои се во потрага по сродна душа треба добро да размислат кој парфем ќе го одберат кога ќе тргнат во лов. Најновото истражување покажа дека природниот мирис е доволен. До овој заклучок било дојдено, откако се покажало дека нивото на тестостерон кај мажите се зголемува кога ќе го помирисаат природниот мирис на жената што овулира. Овие резултати можат да помогнат во производството на нов парфем кој ќе го има истиот ефект врз мажите.
Во последните 10 години научниците откриле дека жената за време на овулација се однесува поинаку, почесто фантазира за сексот и за мажи.
А од друга страна, некои истражувања покажале дека мажите се палат на жените кои овулираат. Со новите истражувања кои се базирани врз овие резултати, научниците сакале да дознаат како мажите реагираат на специфични мириси.
Направиле два експеримента. Во првата група, на жените им биле поделени маици во кои требале да спијат три дена по ред. Овие жени во тоа време овулирале. А во другиот експеримент научниците собрале маици кои не биле носени и на кои им додале мирис.
И двата типа на маици им биле поделени на мажите за да ги помирисаат. Оние мажи што ги мирисале носените маици имале за 37% поголемо ниво на тестостерон за разлика од мажите што ги мирисале парфимираните маици.
МАЖИТЕ ЗНААТ ДА НАМИРИСААТ ВОЗБУДЕНА ЖЕНА!
Мажите на некој начин ја чувствуваат жената со зголемено ниво на естроген за време на овулацијата - заклучил Jim Roney, научник на универзитетот во Калифорнија.
Слични текстови
- 15/02/2010 - Мажите ја користат нашата козметика!
- 13/02/2010 - Младите се помалку веруваат во брак
- 10/02/2010 - Подобро милениче отколку партнер за Валентин
- 06/02/2010 - Што е потребно за успешна врска?
- 03/02/2010 - Ако кивне сака да ве легне!!!
- 30/01/2010 - Маскарата ќе исчезне!!!
- 27/01/2010 - Разговорот со шефот полезен за здравјето!
- 24/01/2010 - Чевлите поважни од момчето
- 17/01/2010 - Патиките полоши од високите потпетици
- 13/01/2010 - Шминката на Клеопатра добра за здравјето!
























