
Секој петти вработен без размислување би завршил во кревет со шефот ако тоа му донесе покачување
Истражувањето што го спроведе водечка интернет страница од областа на вработувањето во Велика Британија дојде до шокантни податоци. Секој петти вработен без размислување би завршил во кревет со шефот ако тоа би му гарантирало покачување на платата.
Ова истражување вклучило повеќе од 1.000 Британци од кои 18 % подобро би имале секс со шефот отколку да се „утепаат" од работа, 26% само би го бакнале шефот, додека пак 17% би го сториле тоа само ако покачувањето на платата е навистина големо.
Lisa Howlett, која е заслужна за ова истражување, ги коментираше резултатите со овие зборови: „Иако за да дојдете до унапредување треба многу да се потрудите, сепак постојат и други начини како да се дојде до поголема плата. Со својата амбициозност и предностите што ги поседувате можете да постигнете покачување на платата без овие неморални тактики".
Само 39% од испитаниците го одбрале потешкиот пат - работа, работа и само работа, без гаранција за унапредување и поголема плата.
Главниот проблем за ваквите шокантни резултати е фактот што повеќето вработени не знаат на кој начин да побараат од шефот покачување.
(1)
КОМЕНТАР
Слични текстови
- 19/02/2010 - Природен мирис Vs. Парфем
- 15/02/2010 - Мажите ја користат нашата козметика!
- 13/02/2010 - Младите се помалку веруваат во брак
- 10/02/2010 - Подобро милениче отколку партнер за Валентин
- 06/02/2010 - Што е потребно за успешна врска?
- 03/02/2010 - Ако кивне сака да ве легне!!!
- 30/01/2010 - Маскарата ќе исчезне!!!
- 27/01/2010 - Разговорот со шефот полезен за здравјето!
- 24/01/2010 - Чевлите поважни од момчето
- 17/01/2010 - Патиките полоши од високите потпетици
























