
Носењето високи потпетици ги зајакнуваат мускулите заслужни за оргазмот.
Одамна е познато дека мажите се палат на високи потпетици, но судејќи според последните истражувања и женската сексуалност зависи од ова револуционерно модно парче. Неодамнешната студија вели дека тие ги зацврстуваат мускулите на нозете, а со тоа директно влијаат на мускулите што учествуваат во постигнувањето оргазам.
Но, тоа не го менува фактот дека високите потпетици истовремено се одговорни за потечените зглобови, болки во половината, а понекогаш и за фрактури. Сепак сигурни сме дека тие и понатаму имаат светла иднина, се додека има жени што ги купуваат.
Италијанскиот уролог Maria Cerruto тврди дека чевлите со умерено висока потпетица, имаат позитивно влијание врз женското здравје.
Во истражувањето биле вклучени 66 жени, под 50 години. Докторката Cerruto потврдила дека при носењето потпетици (со умерена висина) петата е издигната од земјата под агол од 15 степени, а со тоа се овозможува затегнување на карличните мускули.
Карличните мускули не само што го подобруваат сексот, од нивната еластичност зависи и лесното породување.


































