
Добрата страна на новиот третман е што во целост е базиран на природни состојки и до сега не се појавиле никакви нус појави.
Американските научници открија дека состојката во мајчиното млеко позната како лауринска киселина (ја има и во кокосот), има одлични својства за да им помогне на илјадниците девојки ширум светот кои секојдневно се борат со акните.
Добрата страна на новиот третман е што во целост е базиран на природни состојки и до сега не се појавиле никакви нус појави. За сега тестирањата се правени врз животни, а многу наскоро се очекува новата крема да ја пробаат и луѓе.
Откритието за магичниот ефект на лауринската киселина врз акните и го должиме на магистерот по биохемија Dissaya Pornpattananangkul од Калифорнија.
Од вообичаените акни, патат 85% од тинејџерите и преку 40 милиони луѓе само во САД, а третманите што се користат во моментот, речиси секогаш ја влошуваат состојбата предизвикувајќи дополнително црвенило и изгореници - истакна Dissaya.
Со оглед на тоа што жените се подготвени на се за својата убавина, па дури и да ставаат змиски отров на кожата, ваквиот природен третман со сигурност нема да претставува проблем.














































