
Истражувањата откриваат дека само патиките не предизвикуваат никакви болести.
Американските научници открија дека за девојките, кои во младоста носеле високи потпетици, постои поголем ризик за појава на артритис во зрелите години.
Истражувањата откриваат дека само патиките не предизвикуваат никакви болести, додека високите потпетици, сандалите и папучите спаѓаат во онаа категорија што предизвикува најмногу болести.
Тие препорачуваат девојките внимателно да ја одбираат облеката што ја носат и секако да ги избегнуваат високите потпетици, за подоцна да немаат проблеми со болести на зглобовите.


































