
Во кората и семките се наоѓаат влакна кои при правењето на виното се отстрануваат.
Чашата вино е дел од медитеранската диета која се препорачува на луѓе со срцеви заболувања. Но, од неодамна е докажано дека свежото овошје е многу поздраво. Екстрактот што го содржи грозјето е чудотворен лек против инфаркт.
Во кората и семките се наоѓаат влакна кои при правењето на виното се отстрануваат. Но, всушност тие содржат антиоксиданси кои го намалуваат ризикот за кардиоваскуларни заболувања.
Екстрактот од црното грозје го намалува крвниот притисок и холестеролот за 14%, а ризикот од срцеви заболувања дури за 50%.














































