
Со доаѓањето на летните одмори се зголемуваат шансите од заразување со свински грип. Но, зошто ако решиме дека нема да ја напуштиме нашата земја? Ризиците се исти без разлика дали ќе одите на некое патување или ќе тркнете само до Охрид.
Пресуден фактор е контактот со многу луѓе. Кај нас ќе дојдат многу туристи што сигурно нема да подлежат на детаљни испитувања, а на другите егзотични плажи ќе се соберат луѓе од разни краеви.
Пред да ги прочитате чекорите што задолжително ги препорачуваме, запознајте ги основните симптоми на вирусот за да можете да дејствувате превентивно.
Сиптоми!
Генерално, симптомите не се разликуваат многу од обичниот сезонски вирус. Намален апетит, болки во коските, болки во грлото, треска, искашлување, умор. По цел ден во вода, нередовна исхрана, лудување до доцна навечер, ќе си помислите дека тоа е причината за обичната настинка. Размислете двапати. Обратете се до најблиската амбуланта, лекувањето секаде е бесплатно.
Но, за да не си ги уништите одморот, кога веќе можете, сторете нешто претходно.
7 превентивни чекори!
1. Кога кашлате или кивате, правете го тоа на рамото или во раката, не на дланката. Доволно е да се поздравите со некој и да го пренесете вирусот. Најубаво е да си носите шамичиња за една употреба.
2. Не допирајте се за очи, нос, уста, бидејќи преку нивните отвори лесно може да влезе вирусот до респираторните органи.
3. Мијте ги рацете што почесто, со топла вода и со сапун. Тријте ги убаво, особено под ноктите. Рацете се најголеми пренесувачи на вирусот. Ако користите јавен мијалник, изгаснете ја чешмата со шамиче за да не ги извалкате повторно.
4. Користете сантизер за раце на база на алкохол. Ако оставите убаво да се впие, алкохолот ќе го деактивира вирусот со тоа што ќе ги уништи неговите протеини. Ова е одлично средство кога немате каде да ги измиете рацете, а сте биле во контакт со јавни површини како на пример, шалтер.
5. Избегнувајте близок контакт со лице што има настинка. Доволно е да кивне и вирусот преку капките може да патува до еден метар, да дојде до вас. Затоа стојте на оддалеченост од еден метар и избегнувајте да се поздравите со рака.
6. Во некои истражувања се вели дека маските ги намалуваат шансите за пренос на вирусот до 80 %. Тоа е навистина добар процент за да се помачите и да ја носите хируршката маска, особено ако патувате со авион и чекате по аеродроми и автобуски станици.
7. Иако некои велат дека преку месото не може да се заразите, сепак на нас е да ве опоменеме да јадете добро испечено месо.
.gif)






















.gif)























