
Кога зборувавме за главоболката и факторите што ја предизвикуваат, ветивме дека ќе се обидеме да најдеме решение. Нормално дека секогаш може да посегнете по апче за глава, но зошто да го навикнувате организмот на лекови кога постои и втора опција. Тоа од што треба да тргнете се причините за да дојдете до решението. Па, еве што е потребно да сторите ако секојдневно се соочувате со главоболки:
Откријте го причинителот кој предизвикува болка. За најлесно да го постигнете тоа, почнете да водите дневник во кој ќе бележите буквално сé поврзано со вашата главоболка. Периодот кога започнува, колку трае, интензитетот на болката, апчињата што ги земавте и причината поради која сметете дека ве заболела глава. Ваквиот увид ќе ви помогне полесно да сфатите кој е предизвикувачот.
Научете да се соочите со стресот на мирен начин. Луѓето што не е лесно да ги изнервираш ретко кога имаат главоболки. Затоа обидете се да не реагирате бурно на сите провокации и со мирен тон решавајте ги проблемите. Ќе видите колку тоа позитивно ќе влијае на целиот организам. Стресот е причинител на голем број болести. Среќни се тие што знаат како да излезат на крај со него. Обидете се да посетувате часови по јога или медитација. Кој било спорт ќе ве олабави и секако масажа на вратот и главата за целосна релаксација.
Спортувајте бидејќи спортот е најдоброто апче против главоболка. Помеѓу една од причините за главоболка ги вброивме и напорните кондициски тренинзи. Затоа не форсирајте се и бидете умерени во спортувањето. Против главоболка најчесто се препорачува пешачење. Во текот на пешачењето се движат рацете, а тоа доведува до растегнување и отпуштање на вратните мускули. Ослободувањето од товарот што го чувствувате на рамениците и вратот ќе го разбистри мозокот и главоболката ќе ја снема за секунда.
Хранете се редовно. Здравата и редовна исхрана во која доминираат течности се успешна комбинација за да се спротивставите на главоболката. Нередовното јадење и дехидратацијата се еден од честите предизвикувачи на главоболка со самото тоа што влијаат на нивото на шеќер во крвта. Една чаша вода наутро на гладно срце ги намалува шансите од главоболка во текот на денот.
Пијте апче во екстремни ситуации. Кога имате страшна главоболка, не смеете да се измачувате, тогаш ви е дозволено да се напиете апче. Аспиринот со витамин Ц освежува и не е толку силен лек. Не смеете да се навикнете да пиете апче при секоја главоболка. Главата ќе се навикне на дејството и главоболката никогаш нема сама од себе да помине.
.gif)






















.gif)























