
Паркинсоновата болест најчесто се поврзува со постарите лица, но статистиките покажуваат дека сé поголем е бројот на заболени жени до 50 години.
Каква болест е Паркинсоновата?
Всушност, станува збор за дегенеративно нарушување на централниот нервен систем, кое настанува како последица од уништување на мозочните клетки.
Кои се симптомите на болеста?
Меѓу првите видливи симптоми е тресењето на рацете кое се засилува под дејство на стрес или замор. Функцијата на екстремитетите е значително намалена, а со текот на времето отежнато е и зборувањето и видот.
Како да живеете со болеста?
Побарајте помош од следните луѓе:
Физиотерапевт: за совети околу вежбањето и движењето кои ќе ви помогнат и понатаму да ги извршувате секојдневните активности.
Терапевт за говор: совети за тоа како да го направите говорот посилен и појасен, правилно да дишете и голтате во процесот на отежнатата комуникација.
Стручњак за исхрана: совети за тоа што е потребно да јадете за да ги храните клетките на нервниот систем, вклучувајќи ги и советите за запекот кој е неизбежен во текот на болеста.
Квалитетниот сон ја ублажува болеста.
Паркинсоновата болест е премногу заморна и во физичка и во психичка смисла. Пациентите велат дека по добриот сон имаат сила да се соочат со отежнатата комуникација и движење.
Но, често лековите, а и самата болест го крадат сонот кој толку им е неопходен на овие луѓе. За да ги зголемите шансите за убав сон сторете го следното:
Создадете си навики за спиење. Ако си легнувате во 23 часот, не менувајте го времето за да не го нарушите целиот систем на кој се навикнал организмот.
Избегнувајте да дремнувате во текот на денот. Дремките ќе ве одморат и ќе го украдат вечерниот сон кој важи за најквалитетен.
Користете средства за отпуштање. Со помош на ароматерапија, правилно дишење со помош на јога, работете на отпуштање на телото и духот.
Избегнувајте кофеин и наместо тоа напијте се топло млеко или чај од камилица кои ќе ве успијат.






































