
Настинките, инфекциите, грипот и алергиите имаат слични симптоми. Од тие причини заболениот често има погрешна претстава за болеста со која се соочува. Нормално во дијагнозата не смее да има грешки бидејќи последиците може да бидат фатални дури и за животот.
Алергиите најчесто се откриваат откако пациентот ќе посети лекар поради настинката која никако не сака да помине. Сепак, луѓето што често страдаат од алергии знаат да препознаат кога се работи за алергиска реакција, а кога за обична настинка.
Со оглед на тоа што најмногу се мешаат алергиите со настинките, направивме листа со болести што имаат слични симптоми со алергиските реакции. Еве за кои заболувања станува збор:
1. Вообичаена настинка.
Сезонските настинки се всушност вируси што многу брзо се пренесуваат. Од тие причини често мора да ги миете рацете, да избегнувате да пиете од иста чаша со настинатиот и да избегнувате да бидете во негова близина додека кива или кашла.
Како да знаете за што се работи?
Настинките се вообичаени за есенскиот и за зимскиот период. Алергиите,пак, може да се случат во секој период од годината.
2. Грип.
Грипот е заразна болест која го напаѓа респираторниот систем. Најчесто го предизвикува вирусот познат како инфлуенца. Несомнено симптомите на грипот се слични со настинката и со алергиите. Но, уморот, главоболката се далеку појаки кај грипот.
Како да знаете за што се работи?
Лекувањето на инфлуенцата не е едноставно како настинката или алергијата. Вообичаените лекови не се доволни за да помине. Потребна е вакцинација за телото да произведе антитела кои ќе се спротивстават на специфичната инфлуенца.
3. Инфекција на синусите.
Ваквата инфекција најчесто е предизвикана од бактерија или од вирус. Синусната инфекција се манифестира со блокада и воспаление на синусите, што многу потсеќа на алергија која најчесто ја предизвикува правот од полен во пролет.
Како да знаете за што се работи?
Разликата помеѓу инфекцијата и алергијата е во лекувањето. За разлика од алергиите, инфекциите може да се лекуваат со помош на антибиотици.
4. Стрептококна ангина.
Станува збор за заразна бактериска инфекција која се пренесува преку директен контакт со слузокожата на заболениот. Со оглед на тоа што болеста го зафаќа грлото, плунката е доволно за да се пренесе на друг.
Како да знаете за што се работи?
Бидејќи организмот создава антитела со помош на антибиотици, можеме да заклучиме дека станува збор за инфекција, а не за алергија.
Дополнителни показатели за правење разлика:
Уште еден показател по кој можете да препознаете дали станува збор за алергија или за настинка е времето. Настинката поминува за 7 до 10 дена, додека алергиите може да траат и со месеци.
Здравата исхрана, одморот, чистата вода, се одлична превенција за настинката и за грипот, додека тоа не е случај за алергијата да не се појави.
Настинките речиси и да не предизвикуваат сериозни компликации. Алергиите може да предизвикуваат трајни заболувања, на пример на респираторниот систем како астма.
Иако алергиите сами по себе не предизвикуваат инфекции, сепак може да водат до истата. Многу често се случува игнорираните симптоми на алергиите да предизвикаат инфекција. Затоа е потребно постојан надзор за алергиите.


















































