
Стресот најмногу го покачува крвниот притисок, а живот без стрес не постои. Бидејќи медитацијата го намалува стресот, индиректно влијае и врз одржувањето на крвниот притисок во нормала.
Пристигнувате на работа и веднаш ве чека разговор со претпоставените. Стигнувате дома ве чека најновиот проблем со децата. Чувствувате како се зголемува вашиот пулс, крвта ви врие во главата се плашите дека ќе експлодира во секој момент, телото ви лачи хормони со неверојатна брзина. Притисокот, па да стигнал до 200 степени.
Најголемата трагедија е што не можете ништо да сторите околу тоа. Да станете имун на секакви провокации е невозможно, а сигурно нема да земете да истепате некој. Сосема спротивното треба да стиснете заби и со сила да се насмеете. А, во вас се таложат сите потиснати моменти. Целата таа папка од потиснати нервози кога тогаш ќе го удри вашето срце.
Медитацијата ќе ви овозможи да отпатувате на пуст остров. Звучи примамливо? Навистина само тоа е лек за вас. Два пати во неделата да можете да избегате на островчето и да се регенерирате. Самата суштина на медитацијата е одалечувањето, повлекувањето од се што не опкружува. Мирно седејќи и концентрирано следејќи ги упатствата, ќе можете да се повлечете и да се фокусирате во нешто длабоко во себе. Откако ќе ги совладате техниките за медитација, ќе станете зависна од неа. Проблемите лесно ќе ги решавате и полесно ќе се соочувате со стресот. Вашиот крвен притисок ќе биде на незавидно ниво. Всушност тоа е исто како да сте се качиле на врвот на некоја планина и со широрко отворени раце се дерете колку што имате глас. Кое олеснување!
Медитацијата помага и во дишењето. Освен во себе, фокусот се става и на смиреното и длабоко дишење. Тоа го смирува мозокот. Но, бидејќи на работа нема да можете да седнете и да медитирате, при секој стрес направете неколку кратки и брзи воздишки. Веднаш ќе ви биде полесно!


















































