coca_cola-fak-Најинтересните факти за Кока-Kолата
Првично Кока Колата била наменета против утрински мамурлак.
joga_naslovna10 јога-вежби за по дома
Правилната изведба не може да биде успешна од првпат. Дајте им време на мускулите да се приспособат.
red_grapefruitГрејпфрут – витамин Ц во свежа форма
Идеално овошје за започнување на пролетното чистење на организмот.
vo_crveno_si_igra_so_jabolkaГи знаете ли овие митови за слабеењето?
Дали некогаш сте се запознале со овие митови за губењето килограми?

Секој час од денот различно влијае на здравјето

covek_so_casovnik

Деловите од денот различно влијаат на човековиот организам според тврдењето на експертите. Нивото на холестерол, крвен притисок, хормони, се разликува од час во час. Тоа влијае на нашето ментално и физичко здравје, од тука се оние утрински тегоби и главоболки секогаш напладне.

Шест часот.

Ризиците за било каков удар се најголеми помеѓу 6 часот наутро и на пладне, според истражувачите од еден универзитет во Чикаго. Затоа се препорачува наутро да се зема богат и здрав оброк.

Седум часот.

Нашиот одбранбен систем е најосетлив во првиот час од започнувањето на денот.  Англиските научници ваквата појава ја објаснуваат преку различните нивоа на антитела и кортизол во организмот, во тој период. Имаме намалено ниво на антитела од прв ред и зголемено ниво на кортизол, хормон на стресот кој го слабее имунолошкиот систем. Поради тоа треба да избегнувате напорно вежбање во раните утрински часови, бидејќи вашето тело не е отпорно на вируси и бактерии.

Осум часот.

Италијанските научници заклучиле дека најголеми шанси за срцев удар имате во 8 часот и 24 минути. Ова не значи дека не може да добиете и во друг дел од денот, но ризикот е поголем дури за 70 % во периодот од 8 до 9 часот. Во овој временски интервал најчесто крвниот притисок е повишен, при што дополнително се зголемуваат шансите за срцев удар.

Девет часот.

Овој е можеби најпродуктивниот час од утрото. Човекот тогаш има голема способност за краткотрајно помнење, затоа ова е одличен период за повторување на наученото од вчера, а особено пред испит. Исто така бројот на сперматозоидите е поголем така што полесно може да се зачне дете.

Десет часот.

Нашиот мозок работи со полна пареа само три часа, и тоа од 10 до 13 часот. Затоа ова е идеално време за завршување на покомплицираните обврски и за донесување тешки одлуки.

Дванаесет часот.

Освен навечер, болките се поинтензивни и на пладне. Лекарите најчесто лековите препорачуваат да се зимаат во ова време. Тогаш нивното дејство е најефективно во спречување на болката.

Тринаесет часот.

Лачењето на хормоните е намалено, а тоа резултира со намалена способност за работа и концентрација. Ова ни најмалку не е време за соочување со проблеми и одлуки.

Четиринаесет часот.

Ова е периодот кога ни се приспива на работа. Со цел да се надмине поспаноста и да се соберат сили да се заврши работниот ден, се препорачува попладневно кафе. Кофеинот ќе го разбистри вашиот мозок.

Петнаесет часот.

Време кога имаме најмала концентрација. Обврските кои ги правиме секој ден, кои се повторуваат и кои одбиваме да ги правиме, е најдобро да ги оставите за после 15 часот, бидејќи сте многу малку делотворни. Но, затоа добро ќе ви дојде една партија секс. Бидејќи овулацијата тогаш го достигнува врвот.

Шеснаесет часот.

Соред петгодишното истражување, белите дробови функционираат на незавидно ниво, додека температурата на телото е на самиот врв. Затоа ова е време кога можете да дадете голем физички напор. Пример можете да искачите некој рид или да вежбате.

Деветнаесет часот.

Особено треба да внимавате на исхраната, бидејќи тогаш ви е најголемо нивото на холестерол во крвта. Оние кои треба да учат, периодот од 18 до 20 часот е идеален, бидејќи мозокот тогаш најмногу памти.

Дваесет часот.

Со завршувањето на денот се забавува и работата на организмот. Дигестивниот систем не работи со истата брзина затоа треба да го ослободите од тешка и мрсна храна. Намаленото количество на хормони го прави поосетлив одбранбениот систем. Полесно можете да закачите настинка или некоја алергија.

Дваесет и еден часот.

Мајките кои дојат, во овој перод од денот произведуваат најздраво и најхранливо млеко. Покрај тоа доењето на детето во 21 часот, им овозможува на мајките полесно да ја поминат ноќта со полесен сон.

Полноќ.

Бидејќи телото и нервите се опуштаат се намалува и крвниот притисок. Со тоа се намалува и ризикот од мозочен удар се до утрото. Идеален период за водење љубов поради покаченото либидо и кај двата пола.



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)