ed8 прехранбени продукти за ревитализација на...
Антиоксидансите од овошјето помагаат во неутрализација на слободните радикали кои постојано го напаѓаат телото.
cimet_1Цимет против менструални болки
Циметот потекнува од Шри Ланка, a неговото позитивно дејство за здравјето на човекот одамна им било познато на народите.
zagФитнес тренер и правилна исхрана за топ фигура
На жените дневно им се потребни од 1800 до 2300 калории.
ledenЛедени пијалаци во летните горештини
Водата во шишето која ја носите на излет нема да се загрее ако ја обвиткате во мокра ткаенина.

Докторе, помогнете ми!

exam

Забележувате дека се случува нешто чудно со вас. Во последно време се чини дека ви се појавуваат црни точки. Потоа имате чувство на подуеност, иако не сте во ПМС. Малку се загрижувате и се прашувате што би требало тоа да значи и дали треба да го посетите лекарот. Наскоро симптомите ви поминуваат, но многу брзо повторно се појавуваат. Или воопшто не поминуваат. Сега веќе сте загрижена. Не знаете што да му кажете на својот лекар затоа што сето ова ви се чини не доволно сериозно.

Можете слободно да се релаксирате. Еве објаснување на неколку незгодни и тешко објасниви симптоми што често ги мачат младите жени. Со помош од медицински експерти дојдовме до неколку изненадувачки, но утешни објаснувања. Нашето тело секојдневно покажува знаци според кои можеме да оцениме како се чувствуваме, но понекогаш не е лесно да ги протолкуваме. Затоа напишавме неколку од најчестите симптоми што се појавуваат кај младите жени:

Црни точки, дамки и линии пред очи

Дали некогаш сте забележале дека пред вашето видно поле се појавуваат темни точки, линии или дамки кои особено добро се гледаат кога гледате во светла заднина или сте на сонце. Тие точки се сосема безопасни иако може да бидат многу здодевни. Не можете да ги тргнете, но можете да се научите да ги игнорирате - тие со времето избледуваат, па ќе престанете да ги забележувате.

Зошто не добивте менструација овој месец?

Ако двапати по ред не сте добиле менструација, а сигурно не сте трудни, најверојатно сте под голем стрес. Напнатоста може да ја запре овулацијата, а без овулација нема ни менструација. За да се вратите во нормала, ќе биде добро да ги намалите работните и друштвените обврски и да најдете малку време за себе. Друга причина за недобивање менструација може да биде претераното физичко вежбање или недоволното внесување калории во организмот. Вашиот индекс на телесни масти најверојатно не е доволно висок за да овулирате. Престанете да го исцрпувате своето тело!

Градите ви се полни со грутки

Ако напипате повеќе подвижни грутки на двете дојки, обично станува збор за фиброцистични промени. Тоа е безопасна и вообичаена состојба и значи дека вашите гради имаат цисти полни со течност. Тие често се појавуваат и се најзабележливи пред менструација, кога поради хормоналните промени потекува целото тело. Намалете го консумирањето кафе, чај, чоколада и „кока-кола" - тие се полни со кофеин кој предизвикува задржување на течностите во организмот. Избегнувајте  брза храна и грицки бидејќи исто така влијаат врз задржување на течностите во организмот, поради што доаѓа до појава на овие грутки.

Кога ќе станете нагло, ви се чини дека ќе се онесвестите

Чистевте со правосмукалката под троседот, а кога се исправивте, одеднаш ви се сврте во главата, па моравте да се придржите за масата. Можеби едноставно сте дехидрирале. Дехидратацијата предизвикува паѓање на притисокот, а кога тој паѓа, можете да добиете лесна вртоглавица. Осум чаши дневно е добар почеток, но исто така би било добро со секој оброк да земате храна која содржи течности како на пример супа, зеленчук и овошје. Ако симптомите се појавуваат секојпат кога ќе станете од креветот или, пак, ако се онесвестите, мора да одите на лекар. Можеби се работи за анемија, а во многу ретки случаи овие симптоми може да укажуваат и на срцеви проблеми.



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)