
ЗОШТО Е ШТЕТЕН ПОКАЧЕНИОТ ИНСУЛИН?
За срцето... покачениот инсулин доведува до насобирање на масти во крвта. На тој начин срцевите крвни садови се запушуваат и се развива атеросклероза. Протокот на крвта низ садовите е максимално отежнат.
За мозокот...на ист начин се загрозени и нервите на мозокот што го зголемува ризикот од мозочен удар.
За очите...поради крвавења во мрежницата на окото, честа е појавата и на слепило кај лицата со покачен инсулин.
РЕЦЕПТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ИНСУЛИНОТ НА НИСКО НИВО.
Не треба да ве зачудува фактот дека исхраната е одговорна за покачениот инсулин, но во исто време таа е најдобриот превентивен лек.
Ако порано луѓето се хранеле со месо и плодови што ги наоѓале во природата, денес од недостиг на време, се јадат готови и преработени јадења што го одржуваат организмот сит долго време и даваат енергија во моментот.
Но рафинираните јаглеродни хидрати како белиот шеќер, брашно и многу други производи, се главната причина за покачениот инуслин, а воедно и за хроничните болести што секојдневно носат човечки животи.
Негативните ефекти од ваквиот начин на исхрана не очекувајте да ги почувствувате во моментот, но со текот на годините и вие ќе станете дел од групата хронично болни.
Затоа дејствувате додека е време! Колку што можете редуцирајте ги рафинираните производи, а отстапете место за свежиот зеленчук и овошје. Секако не заборавјте дека редовното спортување, па макар тоа подразбирало и најобична прошетка, е доволно за организмот да почувствува разлика.






































