
Македонците почнуваат да пушат на 12 години
Пушењето е штетно за секого, но жените имаат причини плус за откажување. Кај жените пушачи ризикот за појава на рак, стерилитет и депресија се поголеми за разлика од мажите пушачи.
Новиот закон за пушење е вистински рај за непушачите, а за пушачите е добар мотив да се откажат од цигарите. Оние што поминале низ фазата - откажување од цигари, ќе ви потврдат дека тоа е можеби најголемиот предизвик со кој се соочиле во животот. Штом зборуваме за зависности тогаш не треба да ве чуди ако откажувањето е болно. Затоа не пробувајте да ја разберете пријателката што пати по цигарите, едноставно дајте и поддршка да истрае.
ФАЗИ НА ОТКАЖУВАЊЕ: НЕ ПОСТОЈАТ!!!
Луѓето со искуство ќе ви потврдат дека не постои опцијата ќе ги намалам цигарите и со текот на времето ќе се откажам. Ако навистина се решите да престанете со пушењето, тогаш фрлете ја кутијата и заборавате на земањето само еден дим.
ПРВИТЕ 24 ЧАСА БЕЗ ЦИГАРА - телото плаче за никотин. Ќе почнете да се тресете, да се чешате, ќе почувствувате бранови на топлина и нервоза. За да не го замените пушењето со уште една лоша навика, грицкање нокти, џвакајте мастика или грицкајте некое овошје или зеленчук.
ПРВАТА НЕДЕЛА БЕЗ ЦИГАРА - ќе ви недостасува самиот ритуал на пушење. Секогаш после јадење си палевте цигара, кафе-паузата не може да помине без едно цигарче, едвај чекате да заврши предавањето за да излезете со пријателите и да запалите по една. Ваквите моменти може навистина да влијаат повторно да посегнете по цигарите иако реално вашето тело нема потреба од никотин.
ПОМОШНИ ТРИКОВИ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ:
ФРЛЕТЕ ГИ ЦИГАРИТЕ!
Ослободете се од пепелниците и штеките цигари што ги криете по фиоките. Моментите на слабост се неизбежни, но многу помали се шансите да запалите цигара ако треба да одите до продавниц
| 11 тони цигари се консумираат годишно во Македонија |
а да купите, отколку да имате при рака.
ПОТСЕТЕТЕ СЕ ЗОШТО ГО ПРАВИТЕ ТОА?
Напишете ги сите причини поради кои се откажувате од цигарите, здравјето, здравјето на непушачите околу вас, финансиите... Напишете ги на една картичка што секаде ќе ја носите со себе или залепете ги на работното биро.
ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГИ МЕСТАТА КАДЕ ШТО НЕКОГАШ ПУШЕВТЕ!
Ако до пред Нова година тоа беа кафулињата, меаните, баровите...сега немате гајле. Всушност сега ќе треба да бегате од собирањата по дома бидејќи само таму ќе можете да паднете под искушение.
ОДВЕЛЕЧЕТЕ ГИ МИСЛИТЕ!
Кризата за цигари трае од 10 до 15 минути. Се работи за навистина непријатно чувство од кое ќе мислите дека нема спас. Но, не се секирајте со текот на времето кризите ќе се намалат за на крај да исчезнат цeлосно. Јавете се некому, излезете на прошетка, читајте списание...се е дозволено освен фрижидерот со храна.
| 5 килограми цигари во годината консумира еден пушач |
НЕ РАЦИОНАЛИЗИРАЈТЕ!
Откажувањето од цигарите е слично како да сте на диета. Знаете дека храната ви е забранета и ви се јаде уште толку. Но затоа не треба да мислите на тоа или да зборувате како сте се откажале. Често ќе ви прелета мисла: „Ќе запалам само една, а од утре дефинитивно ги откажувам цигарите!" Ваквите мисли напаѓаат за време на кризите и никако не смеете да ги слушате.
ПРОСТЕТЕ СИ АКО ПОТКЛЕКНЕТЕ!
И во случај да запалите цигара не значи дека откажувањето завршиле. Не користете ја грешката како изговор повторно да им се вратите на цигарите. Луѓето се откажале, се откажуваат и стануваат непушачи за цел живот. Ако вашата цел е да се откажете од цигарите за навек, имајте на ум дека се може да се случи на патот до успехот.


















































