Некои девојки уживаат да чистат низ домот, тоа ги отпушта и им ја разбиструва главата од проблеми. Има и такви што уживаат да живеат во неред и чистат еднаш годишно. Но, дали знаете дека домот е вистинско гнездо што нуди идеални услови за развој на бактериите? Тука не мислиме само на тоалетот, туку на собата во која спиете. Докторите препорачуваат ветреење на собата наутро и бришење на правот барем еднаш неделно.
Денес решивме да ви ги откриеме неколкуте жаришта на бактерии и микроорганизми во вашиот дом што се одговорни за вашите необјасниви главоболки, често кивање и затнатиот нос. Што значи не сте поштедени од болести ако постојано седите дома. Домашната прашина изобилува со алергени што предизвикуваат таканаречена INDOOR (внатрешна) алергија.
ШТО Е АЛЕРГИЈА?
Алергија е преосетливост на некои супстанци, додека алергиската реакција е одговор на имуниот систем на организмот кон внесените алергиски супстанци. Носечките супстанци (алергени), кои предизвикуваат алергиска реакција може да бидат: храна, полен, спори, микрокрлeжи, делови од тело на животните, отров од инсектите и др.
7 ИЗВОРИ НА АЛЕРГИИ ВО ДОМОТ:
СОБНИ ЦВЕЌИЊАЦвеќињата мора да се плеват редовно, во спротивно се склони да создаваат спори што лесно влегуваат во организмот преку респираторниот систем. Ова не значи дека не смеете да одгледувате цвеќиња дома, но редовно чистете ги од сувите лисја, не ги полевајте често со вода и не ги ставајте во спалната.