spie1Акција – реакција: 4 совети
Чорапите против несоница, ви ја изедначуваат температурата на телото и полезно дејствуваат.
bread_2Како до витка става до Нова година
Диетите пред важни настани, често се контрапродуктивни на долги патеки.
zena_so_ukocena_rakaКарпалтунелсиндром- трпки во раката
Понова, современа болест на жените.
unhealthy_food6 грешки во обидите за здрава исхрана
Никогаш не е доцна да се постават правила за здрава исхрана, а уште полесно, да се наметнат.

Како да му помогнете на болниот?

hospitall

Болниот го сака својот пријател каков што го познава отсекогаш

Никој не би посакал да биде во кожата на болен човек или на некој од неговото семејство. Но тоа не значи дека треба да заборавите на оние што страдаат. Навистина е себично да заборавите на стариот пријател или роднина од причина што не сакате да се изложувате на стресот што може да ви го предизвика неговиот изглед или состојба. Сетете се на основното правило: Вистинските пријатели се познаваат во неволја!

ЗА ДА ГО ПОТКРЕНЕТЕ ДУХОТ НА БОЛНИОТ:

Прегрнете го и држете ја неговата дланка. Така ќе му покажете дека не е сам на овој свет и дека се уште има луѓе што се грижат за него и што ќе патат доколку го загубат.

И понатаму смејте се за истите работи...болниот пред вас е истата онаа личност што добро ја знаете. Не плашете се да разменувате емоции дури и кога се работи за солзи, а особено не заборавајте да зборувате за она што ви се случува во животот. Не го осакатувајте од информациите што желно чека да ги чуе.

Не плашете се пред него да го изговорите името на болеста, така ќе му помогнете да се соочи со неа и со она што го чека. Слободно разговарајте за неговата состојба и заедно барајте решенија.

Болниот е свесен за страдањата што ги нанесува на своето семејство, намалете ја неговата грижа со тоа што ќе му кажете дека секогаш ќе бидете тука за неговите деца, сопруг, сопруга, родители, сестра, брат, пријатели...Осигурајте го дека ништо нема да недостасува.

ЗА ДА МУ ГО ОЛЕСНИТЕ СЕКОЈДНЕВИЕТО...

Нема полошо од тоа да се преправате дека се е во ред со вашата пријателка или пријател или уште полошо да го посетувате однесувајќи се кака се да е по старо. Штом се појавите на вратата на болниот, заборавате дека треба некој да ви свари кафе. Понудете се да зготвите нешто за сите, испеглајте ги алиштата што се натрупале, соберете ги трошките од подот...

Истражувајте во врска со храната што може да ја подобри состојбата. На пример ако дознаете дека дренките или рибизлите се добар удар за болеста, направете се што е во вашата моќ за да ги набавите и да го натерате болниот да ги консумира.

Понудете се да се грижите за децата, понудете го вашето слободно време и автомобил за да го однесете на лекар или да купите апчиња од аптека. Особено бидете присутни за време на празниците кога сите треба да се почувствуваат дека има надеж. Украсете го нивниот дом или болничката соба, потсетете ги дека правото да прослават се уште е нивно.



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)