Причина за вашето редовно доцнење на работа е неквалитетниот сон што по правило треба да ги наполни батериите што ќе ве служат во текот на денот. Ако се
мачите до доцна во ноќта да склопите око, утрото ќе се разбудите со темни подочници и никаква волја за да станете од кревет. Како да си помогнете себе си?
КАКО ДА СЕ РАЗБУДИТЕ ОД СЛАТКИОТ СОН?
Побарајте го вториот број на женското списание Unique, што веќе е во продажба, и дознајте ги Утринските правила за убав ден. Така ќе ја дознаете тајната на успешните жени што секое утро доаѓаат свежи и полни со елан за работа.
Одговорот е едноставен: вратете го квалитетниот сон во игра! Ако се работи само за период на несоница, не кревајте паника, можеби ве притиска некој проблем. Но ако гледате дека никако не поминува, тогаш направете анализа на вечерните навики.
ЗАБОРАВЕТЕ НА КАФЕТО!Тука не мислиме само на шолја турско кафе, туку и на сите облици кофеин како нес-кафе, макијато, капучино...се до кока-кола. Ако порано сте заспивале и покрај три шолји кафе, сега организмот станал премногу осетлив на кофеинот. Истото важи и за чајот. Идеална напивка за пред спиење е топла чаша млеко или какао.