
Пресек на крвни садови со нормално и покачено ниво на глукоза
ЕДНОСТАВНА ДЕФИНИЦИЈА:
Дијабетесот е хронична болест што го прави телото неспособно да го конвертира шеќерот во енергија. На тој начин нивото на шеќерот во крвта се зголемува, што може да доведе до срцеви заболувања, слепило и други сериозни компликации. Дијабетесот (тип 2) ги напаѓа луѓето од сите возрасти. Проблемот е тоа што симптомите се суптилни и една третина од заболените не се свесни дека боледуваат. Од исклучителна важност е да се информирате за неколкуте симптоми, за да делувате на време. Почнете оттука!
РАЗЛИКА ПОМЕЃУ 1 И 2:
ДИЈАБЕТЕС ТИП 1 - Дијабетес тип 1 обично се дијагностицира во детството или адолесценцијата. Кај дијабетес тип 1, панкреасот не произведува инсулин затоа што сопствениот имунолошки систем ги уништил клетките што го произведуваат инсулинот. Луѓето со дијабетес тип 1 мора секојдневно да си даваат инсулин.
ДИЈАБЕТЕС ТИП 2- Дијабетес тип 2 е најчестиот тип дијабетес, кој погаѓа 85-90% од луѓето со дијабетес. Кај дијабетесот тип 2, панкреасот произведува инсулин, но тој не дејствува како што треба, па панкреасот произведува уште инсулин. На крајот, не може да произведе доволно за да ја одржува рамнотежата на гликоза под контрола.
ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ЗНАЦИ:
ДИЈАГНОЗА - дијабетесот се открива преку анализа на крвта или поконкретно преку гликозен тест. Преку тестот се мери нивото на шеќерот во крвта откако претходно не сте постеле 8 часа. Нормалното ниво на шеќер во крвта, после постење, е помеѓу 70 и 100 mg/dL.
СООЧУВАЊЕ СО ДИЈАБЕТЕС ТИП 2:
ДИЕТА - За среќа, луѓето може да ги намалат ризиците од оштетување на срцето, очите, бубрезите и стапалата. Клучот лежи во контролирање на нивото на шеќер преку соодветна диета. Луѓето болни од дијабетес тип 2 треба да внимаваат со внесувањето на маснотиите, протеините и калориите.
СПОРТ - Редовниот тренинг во фитнес сала или пешачење, го поттикнува телото да го користи инсулинот. Активноста е добра за согорување на мастите, намалување на крвниот притисок и заштита на срцето. Дијабетичарите задолжително треба да вежбаат најмалку по 30 минути дневно секој ден.
ТЕРАПИЈА СО ЛЕКОВИ - Кога луѓето не се во состојба да го контролираат нивото на шеќер преку исхраната или спортот, на ред се лековите. Достапни се голем број на пилули, и често се пијат во комбинација. Некои делуваат така што го стимулираат панкреасот да лачи инсулин, а други ја подобруваат ефективноста на веќе произведениот инсулин.
ИНСУЛИН - Многу луѓе болни од дијабетес тип 2 стигнуваат до фазата кога нивниот панкреас не продуцира инсулин што би го одржал нивото на шеќер во крвта. Во тој случај, терапијата со инсулин, инјекции или пумпа, мора да стане секојдневна рутина.


























































