
Кивањето после секс е подобро и од пушењето цигара...
КОЈ КОГА КИВА?
- Наталија Митева (30) - кива по три пати, најчесто кога влегува во кола, а надвор времето е сончево.
- Боби Николовски (27) - кива кога ќе се најде во климатизирана просторија или онаму каде што дува вентилатор. Разлетаните честички во воздухот го дразнат неговиот нос.
- Владимир Стојановски (28) - кива откако добро ќе се испоти играјќи фудбал или после тренинг во фитнес сала.
- Александра Петрушевска (24) - кива додека ги скубе веѓите.
- Марга Сотировска (27) - кива кога салатата ја зачинува со бибер.
- Кристијан Ивановски (26) - кива откако од затворена просторија ќе излезе надвор.
За некого чудни, за друг сосема нормални...ова се неколкуте причини поради кои киваат луѓето што ги прашавме. Но сепак ќе се потпреме на науката за да дознаеме нешто повеќе за природата на кивањето. Па еве што од наведеното излезе дека е вистина...
11 ФАКТИ:
КИВАЊЕТО ЗАПОЧНУВА ВО НЕРВИТЕ!
Кивањето е нервна реакција што му сигнализира на мозокот дека има нешто во носот што сака да излезе надвор.
КИВАЊЕТО ГО ЧУВА ТЕЛОТО!
Кивањето е неопходно за имунитетот, помагајќи му на организмот да се ослободи од непотребните честички што доаѓаат однадвор и ги дразнат ноздрите.
КИВАЊЕТО Е ЕКСТРЕМНО БРЗО!
Кивавицата патува со брзина од 100 милји на час. Со едно кивање, во воздухот се исфрлаат 100.000 микроби во воздухот.
СКУБЕЊЕТО НА ВЕЃИТЕ ПРЕДИЗВИКУВА КИВАЊЕ!
Скубењето на веѓите ги дразни нервите на лицето што се поврзани со носната шуплина и како резултат на тоа вие кивате.
ВО СОН НИКОЈ НЕ КИВА!
Додека вие спиете, спијат и нервите, што значи не постојат шанси да кивнете во сон.
ВЕЖБАЊЕТО ТЕРА НА КИВАЊЕ!
Забрзаната циркулација и потење предизвикува сушење на устата и носот, нормалната реакција на носот после ова е кивањето.
НАЈГОЛЕМ МИТ - СРЦЕТО ЗАПИРА ДОДЕКА КИВАМЕ!
При самата контракција на градите се забавува протокот на крв што предизвикува промена во ритамот на чукањето на срцето, но во никој случај не предизвикува прекин на пумпањето.
РЕКОРД ВО КОНТИНУИРАНО КИВАЊЕ!
978 дена по ред изнесува рекордот во кивање, што го заработи Donna Griffiths од Англија.
СОНЦЕТО ПРЕДИЗВИКУВА КИВАЊЕ!
Еден од тројца луѓе кивнува кога ќе дојде во контакт со силна сончева светлина. Осетливоста од светлина е наследна, што значи кивањето на сонце сте го земале од вашите родители.
СЕКСОТ Е УШТЕ ЕДЕН ПОТТИКНУВАЧ НА КИВАЊЕТО?
Кивањето после секс е повообичаена појава отколку што мислите. Истражувачите мислат дека стимулацијата на парасимпатичкиот нервен систем кај некои личности предизвикува кивање после оргазмот. Луѓето велат дека тоа е подобро дури и од цигара после секс.
ЖИВОТНО ШТО НАЈМНОГУ КИВА!
Според истражувањата, игуаната е животно што најчесто кива. Преку кивањето игуаната се ослободува од одредени соли и крајни секрети од дигестивниот процес.
КАКО СЕ СПРЕЧУВА КИВАЊЕТО?
Иако не е докажано, но затнувањето на носот или дишењето преку уста скоро секогаш ја брка кивавицата.


















































