
На врвот на листата на непријатели на свежиот здив се цигарите
Непријателите на свежиот здив во устата се бројни. Но на врвот на листата се наоѓаат лошата исхрана, стресот, храната, пушење, некои лекови, проблеми со дишењето и лошата хигиена на устата. Како што е познато во устата живеат многу бактерии кои се хранат со протеините од храната која ја внесувате:
СТРЕС И ПУШЕЊЕ
Современиот ритам на живеење понекогаш е убиствен. Штом станете рано наутро, веќе доцните. Морате да знаете дека стресот предизвикува враќање на киселината од желудникот во хранопроводот. Научете да се отпуштите. Обезбедете си доволно време за целосно и редовно појадување кое ќе го направите на мира. Дозволете си неколку минути за одмор во текот на денот.
ИСХРАНА
Бројните пријатни ароми од храната кои остануваат на непцата можат да се претворат во лоши мириси. Најдобро решение: наместо да се одречете од задоволството на вкусовите, редовно мијте ги забите и научете неколку трикови со кои можете да го прикриете лошиот здив (освежувачки бонбони, капсули, спреови, гуми за џвакање...)
ОТОРИНОЛАРИНГОЛОШКО ПОРЕМЕТУВАЊЕ
Синуситисот, настинката или ангината секогаш демнат зад аголот. Сите болести на дишните патишта го предизвикуваат лошиот здив, бидејќи носот е поврзан со усната шуплина.
ПРОБЛЕМ ВО УСТАТА
Имате расипан заб или непцето ви крвави, боли или пак е потечено? Тоа е еден од најчестите причинители на лошиот здив во устата. Воспалението на непцата влијае врз здивот бидејќи на тоа место се развиваат бактериите.
ПОРЕМЕТЕНО ВАРЕЊЕ НА ХРАНАТА
Враќање на дигестивната желудочна киселина кон хранопроводот особено лесно може да се појави во некои положби на телото (посебно додека лежите) и да предизвика воспаление на хранопроводот поради нагризување на слузницата со киселина. Во овој случај, лошиот здив е последица на задржувањето на киселината во хранопроводот што е честа појава кај пушачите.


















































