
Некои видови храна, во комбинација со брзо голтање може да предизвикаат гасови, надуеност и тегоби во желудникот
Во секој момент треба да дојде менструацијата, а вие се чувствувате како бремена жена. Истото се случува кога ќе се напиете газиран пијалак или откако дома убаво ќе се најадете гравче, а подоцна ќе се најдете во друштво каде не смеете да ги испуштите создадените гасови. Подуеноста не само што е непријатно чувство, туку не е добра и од естетски аспект. Стомакот се зголемува и тоа токму кога треба да се покажете во костимот за капење - тука обвинете ја новата клима.
ХРАНАТА - ПРИЧИНА БРОЈ 1 ЗА НАДУЕНОСТ
Некои видови храна, во комбинација со брзо голтање може да предизвикаат гасови, надуеност и тегоби во желудникот. Најчесто тоа е храната богата со заситени масти (таа бавно се вари) или млечните производи (лактозна нетолеранција или неспособност на организмот да ја свари лактозата).
ПРЕВЕНЦИЈА - избегнувајте храна што знаете дека ќе ве подуе и ќе ве тера да подригнувате. Јадете културно, седнете исправено на масата, а не легнати во кревет. Храната убаво и полека џвакајте ја. По крајот на оброкот, избегнувајте да се оптегнете на кревет.
МАЛ ТРИК - чајот од ментол или коморач е одличен за елиминирање на гасовите.
СИНДРОМ НА МРЗЛИВИ ЦРЕВА - ПРИЧИНА БРОЈ 2 ЗА НАДУЕНОСТ
Нарушувањето во работата на дигестивниот тракт, вклучувајќи го бавниот желудник, а особено мрзливите црева се причина за болки во стомакот. Храната се вари отежнато, додека вие се чувствувате потечно и имате гасови. Ваквиот проблем може да трае и неколку месеци и најчесто е проследен со губење на килограмите и крвавење. Посетата на лекар е задолжителна, за да се исклучи можноста од канцерогено заболување.
ПРЕВЕНЦИЈА - избегнувајте тешка и мрсна храна. Макробиотичките производи докажано ја подобруваат работата на системот за варење, особено јогуртот што насекаде е достапен.
МАЛ ТРИК - семките од лен исто така многу помагаат во ваква состојба. Една супена лажица ленено семе во комбинација со јогурт што содржи пробиотик, несомнено ќе ја подобрат работата на цревата.
ЗАДРЖУВАЊЕ НА ТЕЧНОСТИТЕ - ПРИЧИНА БОРЈ 3 ЗА НАДУЕНОСТ
Кога течностите во организмот, наместо да се исфрлаат, се задржуваат подолго време од вообичаеното, се јавува очигледна подуеност. Потекува стомакот, прстите и зглобовите на нозете. Дехидратацијата или електролитната нерамномерност предизвикуваат задржување на течностите, при што бубрезите не се во состојба да ги исфрлат преку урината и тие завршуваат помеѓу ткивата.
ПРЕВЕНЦИЈА - избегнувајте солена храна, алкохол и кофеин. Пијте многу вода, јадете зеленчук, овошје и зголемете го калиумот за полесно да го елиминирате вишокот течности.
МАЛ ТРИК - напијте се дуеретик во крајна нужда, тој го поттикнува мокрењето, но често доведува и до исфрлање на потребни минерали.
Слични текстови
- 13/02/2010 - 5 причини за лош здив
- 12/02/2010 - 11 симптоми за срцев удар
- 05/02/2010 - 11 факти за кивањето
- 30/01/2010 - Дијабетес - тип 2
- 28/01/2010 - Вечерни правила за убав сон!
- 26/01/2010 - Како да му помогнете на болниот?
- 20/01/2010 - 7 извори на алергија во домот
- 11/01/2010 - Водич за откажување од цигари
- 30/12/2009 - Причини за дехидрација
- 23/12/2009 - Покачениот инсулин е штетен за срцето!

























