white_beanГравот може да го замени и месото!
Гравот содржи поголем број на протеини од месото.
trudnica_drzi_apcinjaСветски ден на контрацепција 2010
50 години од откривање на пилулата: празнување на жената, празнување на иновациите.
meta7 трикови за брз метаболизам и добра фигура
Кога не јадете метаболизмот го фаќа паника, па се забавува сакајќи да ја заштеди секоја калорија.
zabi211 тајни за бисерно бели заби
Тријте ги нежно забите со четка и сода бикарбона и јадете јаболка, моркови и целер!

Март – месец на алергии

Алергиите се единствената маана на пролета. Најмногу се манифестираат во март, но првите симптоми се јавуваат уште во текот на месец февруари. Зимата станува поблага, се зголемуваат сончевите периоди, имаме отсуство на снег со што се зголемува присуството на алергените во атмосферата.

Пред извесно време зборувавме за изворите на алергија во домот, тогаш и дадовме дефиниција за алергијата, но колку за потсетување ќе повториме дека алергијата настанува во моментот кога преку носот, белите дробови, цревата или кожата, во организмот ќе навлезат алергени (надворешна супстанца). Кај некои луѓе отсуствува реакцијата, но кај чувствителните лица веднаш се јавува алергиска инфекција.

РАЗЛИЧНА АЛЕРГИЈА РАЗЛИЧНИ СИМПТОМИ

Генерално симптомите се различни. Може да се јават на кожата, таа станува подложна на појава на дерматитис, егземи, осип и јадеж...цревата стануваат чувствителни...може да се јави кивавица...кашлање...потешкотии со дишењето.

ОСНОВНИ ТИПОВИ НА АЛЕРГИЈА:

АЛЕРГИЈА ОД ПОЛЕН

polen

Проблемот е во тоа што луѓето не може целосно да се изолираат од поленот, освен ако заминат некаде на море.

Временска рамка: се јавува на крајот на зимата и почетокот на пролетта или поточно во месец февруари.

Мета на напад: дишните патишта.

Симптоми: воспалување на носната слузница, појава на оток и црвенило, излачување на поголема количина слуз. Може да дојде и воспалување на слузницата на грлото и мекото непце, проследено со солзење на очите и отежнато дишење.

Третман: лекувањето се одвива преку медикаменти и инјекции, но конкретен лек не постои. Проблемот е во тоа што луѓето не може целосно да се изолираат од поленот, освен ако заминат некаде на море или редовно да носат заштитна маска.

АЛЕРГИЈА ОД ХРАНА

food

Алергијата од храна се открива преку алерготест.

Временска рамка: недефинирана, може да се јави во било кое време.

Мета на напад: дигестивниот систем или кожата.

Симптоми: осип, чешање, отоци на кожата, повраќање, дијареа. Може да дојде и до хронично заболување: главоболки, ринитис, дерматитис, констипација, отоци, абдоминални болки.

Третман: елиминирање на храната што ја предизвикува ваквата состојба. Тоа се открива преку едноставен алерготест. По елиминирањето на ваквите намирници, после 2 месеци, повторно се враќаат на менито, но во мали дози. Најдобро е да се јадат зготвени, температурата до некаде ги уништува алергените.

АЛЕРГИЈА ОД МЕТАЛИ

coins

Парите се уште една причина за алергија.

Временска рамка: недефинирана, може да се јави во било кое време.

Мета на напад: кожата.

Симптоми: иритација на кожата, осип, дерматитис, а може да предизвика и дишни потешкотии, гастритис и хроничен колитис.

Третман: избегнувајте конзервирана храна, не гответе во метални садови, избегнувајте контакт со предмети како ножици, пари, фарби за коса, патенти... од храната најмногу никел има во морските плодови, кикирики, суво грозје, квасец, спанаќ, домати, грашок...

Повеќе за:


 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

10-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)