
Болеста најчесто напаѓа во 20-тите години, но често е присутна и кај децата од 9 до 15 години
Мултиплекс склерозата е болест на средишниот нервен систем, болест за која медицината се уште нема лек. Ниту се познати причините за нејзиното појавување, а уште помалку се знае за тоа како да се спречи или излечи оваа фатална болест. Поголем број на пациенти се жени, но ниту мажите не се имуни.
КАРАКТЕРИСТИЧНО ДОБА?
Болеста најчесто напаѓа во 20-тите години, но често е присутна и кај децата од 9 до 15 години.
ПОЧЕТНИ СИМПТОМИ:
Болеста започнува со губење на видот, најчесто на едното око, може да дојде и до заматување на видот кај двете очи, проблеми со одржување на рамнотежата, трпки во рацете, губење на чувството за допир.
РАЗВИЕНИ СИМПТОМИ:
Доколку болеста продолжи да напредува, што не секогаш е случај, човекот може да ја изгуби способноста да оди, да зборува и рационално да размислува. Добрата вест е тоа што 33% од болните се во состојба да живеат нормален живот иако боледуваат цели 10 години.
НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УМИРА!!!
Ако вие наутро се будите со помислата, што ќе облечете за на факултет или за на кафе, што ќе јадете или каде ќе појдете на гости, болните од мултиплекс склероза ( сетете се дека тоа се девојки на 21-22 години) се будат со мислата дали денес ќе можат сами да пресечат парче леб или дали ќе успеат да појдат во тоалет без придружба? Иако медицината нема конкретен лек за ваквата фатална болест, не значи дека смееме да и се предадеме на судбината. Најважна од се е психичката стабилност. Не треба да зачудува што пациентите подлежат на депресија, поддршката од најблиските, а понекогаш и стручната е добредојдена.
ОПЦИИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ?
Многу пациенти се чувствуваат добро без било каква терапија, посебно поради фактот што многу лекови предизвикуваат несакани секундарни ефекти и некои од нив се доста ризични.
- Лекувањето најчесто оди преку употреба на стероиди, тие не ја спречуваат склерозата, но на подолг период ги скратуваат емисиите на вкочанување.
- Физичката терапија и вежбањето можат да помогнат за одржување на кондицијата, па пациентите откриваат дека различните помагала - како што се ножните држачи, патериците и помагалата за одење - претставуваат голема помош за да останат независни и подвижни.
- Мултиплекс склероза се лекува и со диета. Тоа вклучува свежа храна, а се вари исклучиво она што не може да се јаде во свежа состојба. Интегрален ориз со свежо сирење и рен, треба да биде основен оброк. Месото треба да се избрише од менито, а се заменува со белковини од соја. Треба да се јаде помалку леб, а треба да биде само од црно и интегрално брашно. Конзервирана храна не треба да се јаде. Од благото, дозволено е мед и гроздов шеќер.






































