
Болеста најчесто се јавува кај луѓето со вишок килограми!
Пред да почнеме да ја обработуваме атеросклерозата, постојат 3 основни работи што треба да ги знаете и да ги запомните за оваа болест:
- БОЛЕСТА ГО НОСИ ЕПИТЕТОТ - ТИВКА БОЛЕСТ!
- БОЛЕСТА Е РЕЗУЛТАТ НА ЛОШАТА ИСХРАНА!
- БОЛЕСТА СЕ ЛЕКУВА!
ОПИС НА БОЛЕСТА - атеросклерозата предизвикува губење на еластичноста на ѕидовите на артериите. Зошто доаѓа до губење на еластичноста? Редовното консумирање масти од животинско потекло и месо, предизвикува тие да почнат да се таложат. На ѕидовите се формираат наслаги што доведуваат до отежната циркулација на крвта, а со тоа и до недоволна снабденост на ткивата и органите со крв.
3 ТИПА НА АТЕРОСКЛЕРОЗА:
Коронарна, наслагите се создаваат на коронарните артерии (оние што го хранат срцето со кислород). Крајна последица - миокардниот инфаркт.
Каротидна, наслагите се создаваат на каротидните артерии (преносители на оксидираната крв во мозокот). Крајна последица - мозочен удар.
Периферна, наслагите се создаваат на артериите што ги снабдуваат со крв екстремитетите и карлицата. Крајна последица - инфекции на засегнатите делови.
ТИВКИ СИМПТОМИ - атеросклерозата е многу подмолна болест, се развива постепено и невидливо. Се додека артериите не се толку стеснети да органите и ткивата не добиваат доволно кислород, вие нема да забележите дека болеста настапила.
ТИВКИ БОЛЕСТИ
Во новиот број на UNIQUE што веќе е на сите продажни места, ќе најдете табела за уште неколку тивки болести што го напаѓаат организмот. Сетете се! Информираноста е најдобрата превенција!!!
МОЖНИ СИМПТОМИ - симптомите и знаците на атеросклерозата обично се јавуваат помеѓу 50 и 65-тата година од животот. Болеста е почеста кај мажите од причина што женските хормони ги штитат артериите кај жените.
- Нагло зголемување на телесната тежина.
- Покачен крвен притисок.
- Висок холестерол.
НАЈЧЕСТА МЕТА НА НАПАД СЕ: лицата што имаат вишок килограми, пушачите и физички неактивните лица.
ПРЕВЕНЦИЈА:
Животинската храна, а тука мислиме и на сирење и млеко (не само на месо), треба да се јаде во нормални количини.
Не пушете и не пијте алкохол...алкохолот и простите шеќери во организмот се претвораат во триглицериди што се таложи на внатрешниот ѕид на артериите, додека јаглеродниот диоксид, кој го вдишуваме со пушењето, постепено предизвикува крутост на ѕидовите на артериите.
Ако веќе имате проблем со масни наслаги, морате да започнете со диета и задолжително 30-минутно спортување во денот.
ХРАНА НАМЕСТО ЛЕКОВИ:

Консумирањето суви сили помага при забавувањето на развојот на атеросклероза.
За лицата што страдаат од атеросклероза, се препорачува да јадат мешункасти растенија (грав, грашок, боранија, леќа). Тие содржат растителни белковини, а не содржат многу масти. Во последните истражувања се вели дека сувите сливи се одлични за срцето, а особено ги штитат крвните садови.






































