spieeПриказна за добра ноќ и совети за лесен сон
Кофеинот се задржува во телото 8 часа, па така макијатото во 21 часот може да биде причина за вашата несоница.
organska_kutijaОрганска храна
За здраво тело и чиста средина.
treva16 вежби за да ве викаат „згодна“
Малите групи за вежбање се најефективни, а ќе имате вежбање и дружење едновремено.
bustНахранете го вашето либидо со 9 продукти!
Јајца за телото да се справи со стресот, а со тоа и со намалената сексуална желба.

4 навики што може да ве разболат!

Велат дека каде што е домот таму е и срцето. Токму така, домот е најомиленото место на човекот иако тој не е свесен за тоа. Но, истото не важи ако гледаме низ призмата на медицината. Домот е причина за 65% од настинките и 50% од болестите поврзани со исхраната.

Секој човек има развиено низа навики на однесување со предметите во домот, особено во делот на кујната. Но, тие навики понекогаш чинат здравје. Начинот на кој функционирате низ куќата има големо влијание врз вашето краткорочно и долгорочно здравје. Токму од овие причини ви ги претставуваме 4-те лоши навики што може да ве разболат:

УПОТРЕБА НА СУНЃЕР ЗА МИЕЊЕ САДОВИ!

washing_the_dishes

Највалканото место во секој дом е кујната. Главната причина за тоа е фактот што луѓето готват месо. Животинското месо е најголемиот носител на бактеријата E. coli, салмонела и други бактерии. Истите овие бактерии и други типови микроби се закачуваат за сунѓерот - нашето оружје за светнување на кујнските површини садови. Додека вие мислите дека со триењето на лавабото одржувате хигиена, бактериите дополнително се шират со ваша помош.

РЕШЕНИЕ: пред употреба на сунѓерот за чистење на површините, потопете го во белило (варикина) и вода. Ова е најевтиниот и најефикасен начин за да направите дезинфекција на сунѓерот. После секоја употреба, оставете го добро да се исуши, а еднаш во неделата зовријте го во средство и вода.

УПОТРЕБА НА СМУКАЛКА

vacuum_cleaner

Смукалката е одлична за собирање на трошките и ѓубрето што се гледа на површината на теписонот. Но, истото не важи за честичките прашина. Забележете колку прав паѓа врз мебелот откако ќе го поминете теписонот со смукалка. Домашната прашина е најчеста причина за предизвикување алергија и астма.

РЕШЕНИЕ: од прашината во домот нема спас, но воздухот е почист доколку се ослободите од теписонот и наместо него ставите ламинат. Смукалката на вода е уште едно решение, а најдобро е еднаш во неделата да го тресете теписонот надвор.

УПОТРЕБА НА ИСТА ПЕРНИЦИ И ДУШЕК

the_same_old_pillow

Во просек, секој човек ослободува 1.5 милиони мртви клетки од кожата на час. Овие клетки завршуваат во душекот и перниците на кои спиете и со текот на времето се претвораат во паразити. Ако ова не беше доволно грозно, еве уште еден погрозен факт - на секои 10 години, душекот станува дупло потежок како резултат на задржаните влакна од коса, влакна од алишта, прав, влакна од животни, хемикалии, бактерии, спори, инсекти... После 5 години, 10% од тежината на перницата оди на насобраниот прав. Токму ова вие го вдишувате секоја вечер.

РЕШЕНИЕ: сменете го душекот и перницата штом им помине рокот на траење. Задолжително користете специјални навлаки што не дозволуваат продирање на штетните честички и истите перете ги секоја недела на температура од 95 степени.

ПРЕТЕРАНО СЕДЕЊЕ ПРЕД ТЕЛЕВИЗОР

watch_tv_and_chips

Седењето пред телевизор додека се насладуваме со омилените слатки или грицки, стана и наша омилена навика што ја презедовме од Американците. Научно е докажано дека тогаш индивидуата паѓа во еден вод транс и станува несвесен за калориите што ги внесува. Со други зборови, причина број еден за дебелеењето е јадење пред телевизор и компјутер. Ваквата навика го зголемува ризикот од срцеви заболувања, рак, артритис и многу други состојби.

РЕШЕНИЕ: исклучете го телевизорот, фрлете го чипсот и излезете на прошетка!



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)