Фобијата е дефинирана како непопустлив страв од една ситуација или активност. Истражувањата покажуваат дека луѓето многу често страдаат од фобии. Фактите кажуваат дека оваа болест влијае на 28 од 100 луѓе, а во западните држави фобијата напаѓа 7%-13% од популацијата. Жените имаат два пати поголеми шанси да бидат заболени од оваа болест за разлика од мажите.
Симптомите на фобијата често се објаснуваат како панични напади - во што се вклучуваат чувства на паника, нервоза, терор, и покрај фактот што не претставуваат реална закана. Тука влегуваат и оние физички симптоми како што се тресење, потење, забрзано чукање на срцето, потешкотии со дишењето, преголема желба да избегате од ситуацијата во која сте...




























































