almond_and_seedsХраната низ бројки
Дознајте што велат последните истражувања поврзани со исхраната!
walk1Алатки за губење килограми
Од денес започнете да пешачите до места до кои вчера возевте, како до работа или до блискиот маркет.
komarec_na_prstВо борба против комарците
Како со хранливи продукти да се ослободите еднаш засекогаш од здодевните комарци?
ishrana111 правила за правилна исхрана
Земајте секој ден по половина литар млеко или консумирајте сирење, риба и јајца.

Техники за намалување на стресот

vnatre_slika_za_stresot_be

Неконтролираниот стрес може да создаде многу болни мигрени и тензија на мускулите.

Неконтролираниот стрес може да создаде многу болни мигрени и тензија на мускулите. Стресот може да предизвика неправилно работење на телото, тахикардија, температура....За подобро здравје е потребно редуцирање. Еве неколку лесни техники кои можете да ги правите дома, на работа или на одмор. Ќе му годат и на телото и на умот.

ВЕЖБАЊЕ

Трчање, пливање, пилатес, јога, таи чаи, сите овие вежби се многу ефикасни во намалување на тензијата на телото и прават умот да се ослободи од стресот. Одберете физичка активност во која најмногу уживате и правете ја 30 минути барем 3 пати неделно. Ова многу ќе ви помогне во поглед на несониците и со време ќе направи да се чувствувате многу подобро. Ќе го намалите и ризикот од кардиоваскуларни болести и дијабетес.

МЕДИТАЦИЈА

Кога имате момент за самата себе, без разлика дали сте дома или надвор, затворете ги очите и фокусирајте се на дишењето. Со концентрирање на вдишувањето и издишувањето вие буквално се ослободувате од негативноста. Вашиот пулс ќе се намали, умот ќе се ослободи и вие ќе ја намалите тензијата. Медитацијата е едноставна и може да се изведе било каде.

МУЗИКА

Музиката влијае емоционално. Со слушање на класична или модерна музика можете многу брзо да се релаксирате дури без и да го сфатите тоа. Не само музиката туку и оние звуци на океан можат да ги редуцираат лошите мисли и да го намалат стресот.

МАСАЖА

Стресот прави тензија на вратот и рамениците. Оваа болка многу лесно може да премине на грбот и нозете. Главоболките и заморот се чести кога сте под стрес. Длабоката масажа многу лесно ќе ја намали тензијата на мускулите и ќе направи да се чувствувате свежи и одморени.

Стресот влијае многу негативно на нас. Тоа е природен резултат на физичките и емоционалните закани на кои сме изложени секој ден. Здравиот живот треба да е балансиран. Стресот се случува, но вие не треба да дозволите да му наштети на вашето здравје. Со следењето на примериве ќе можете полесно да дишете, подобро да спиете и ќе имате попријатен живот.

АРОМАТЕРАПИЈА

Сетилата може лесно да се ослободат од стресот и без ние да бидеме свесни за тоа. Природните мириси како што се лаванда, камилица, ванила и роза може да направат да се чувствуваат релаксирано. Можете да користите и миризливи свеќи или етерични масла за релаксација.

ТОПЛА БАЊА

Ова навистина делува. Наполнете ја кадата со топла вода, ставете купка или пак сол за да ја намалите тензијата. Топлата вода најдобро реагира на релаксирање на мускулите и комбинирано со купка е полн погодок.



 
Unique-avgust
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Брзањето нема да ве одведе никаде денес, ако сте среќни! Ако не сте може да завршите многу поназад отколку вчера, а тоа не можете да си го доволите.

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Вашиот живот цвета како рана пролет и ќе се пронајдете себе си разговарајќи со странец во некоја интересна насока. Проверете дали луѓето се подготвени да стојат до вас!

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Имате навистина тешка листа со задачи која ви стои пред лице. Добрата вест е што ја имате потребната ментална енергија за го средите тоа. Пронајдете нов начин да ги следите работите.

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес силно посветете се на малите детали. Нешто не е сосема во ред, но ако вистински обрнете внимание ќе сфатите што се случува.

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Добро време е да се посветите на себе и да ја смирите социјалната енергија. Размислете одново за вашите планови и за минатото. Затворете ја вратата и најдете некое тивко место.

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес ќе достигнете сериозно кул достигнување, можеби нема ни да сфатите дека целите натаму. Истапете и направете вистинска разлика во вашиот живот.

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Ваш пријател се обидува да ве натера да ги гледате работите малку поинаку, a вашиот ум е доволно отворен да ја прифати неговата понуда. Тоа не значи дека треба целосно да се премислите!

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Обидете се поново да ја воспоставите изгубената врска, без разлика дали е професионална, пријателска или љубовна. Верувајте повторно ќе ви бидат потребни луѓето на кои некогаш целосно се потпиравте.

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Побарајте било што денес, на крај ќе излезе по ваше. Некое време ќе мора да чекорите без тоа што го сакате, но на крајот ќе го извлечете максимумот од ситуацијата.

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Дистанцата не е пречка за вашиот комуникациски стил денес, можете практично да читате умови и покрај километрите раздалеченост. Истражете ги опциите и посегнете по оние кои треба да ви ја чујат пораката.

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Не сте сосема сигурни што се случува со вашите луѓе, сите како да глумат и да ве лажат во очи. Добрата вест е што фазава нема да трае долго и работите ќе се вратат во нормала.

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашата најблиска врска ви го прави животот забавен денес и тоа значи дека дефинитивно сте на вистинското место да побарате услуги или помош. Време е за социјализирање!

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)