
Сокот од портокал е добра замена за водата...ќе ве снабди со потребните витамини
За да бидете здрави треба да го одржувате телото доволно хидрирано. Телото губи вода преку потта и урината. За време на летото губиме многу вода и затоа мора да тоа да го надоместиме. Дехидратацијата може да ве доведе до посериозни проблеми со здравјето. Некои од знаците за дехидратација се суво грло, грчеви во мускулите, вртоглавици...
КАКО МОЖЕТЕ ДА ГО СПРЕЧИТЕ ДЕХИДРИРАЊЕТО?
Во лето губите околу 1 литар вода од телото за 1 час. Затоа е важно да пиете неколку чаши вода на секој 1 час. Сокот од портокал е добра замена за водата и содржи витамин Ц.
Не пијте чај и кафе затоа што тие ќе ве дехидрираат. Имајте си шише вода секогаш до вас, не дозволувајте да се почувствувате жедни.
Пијте изотонични безалкохолни пијалаци. Тие спречуваат губење на водата од телото.
Јадете краставици ако сте дехидрирани. Ќе ве освежат и ќе додадат вода во вашиот систем.
Консумирајте многу овошје и држете се настрана од зачинета храна.
Избегнувајте леден чај - иако е направен од вода, чајот ќе ја одземе влажноста на кожата.
Пијте јогурт и млеко во големи количини.
Посетувајте го тоалетот често. Тоа ќе ви помогне да ги исфрлите непотребните токсини од телото. Ќе ви помогне во чистење на системот и ќе направи место за нови витамини и вода.


















































