
Ракчињата се најбогат извор на Б12 - во 100 гр. има 0.27 мг. од витаминот.
Витаминот Б12 (кобаламин) е витамин кој се раствора во вода и кој извршува бројни задачи, со кои го одржува здрав нервниот и крвниот систем.
КОЈА Е НЕГОВАТА ФУНКЦИЈА?
- го одржува нервниот систем преку учество во создавањето и одржувањето на миелинската обвивка (заштитна обвивка околу секоја клетка). Со тоа се обезбедува брз пренос на нервните импулси;
обезбедува нормално создавање на црвените крвни клетки.
КОЛКУ ВИ Е ПОТРЕБНО?
Препорачаната дневна доза е 2,4 микрограми на ден и тоа се однесува и на мажите и на жените.
КОЈА ХРАНА ГО СОДРЖИ?
ракчиња
остриги
риба
јајца
млечни производи
житарки
екстракт од квасец
нерафинирани јаглеродни хидрати
ЗНАЦИ НА НЕДОСТАТОК НА ВИТАМИН Б12:
Егзема, дерматитис, замор, лоша состојба на косата, слаба меморија и концентрација, анемија, иритираност и тензија. Покрај тоа, често пати се случува мускулите да бидат меки и да се чувствува болка.
НОВИ ИСТРАЖУВАЊА:
- се верува дека игра витална улога во создавањето на мозочни трансмитери од типот „се чувствувам добро".
- помага во поправка на нервните оштетувања од кои патат дијабетичарите;
- учествува во креирање на позитивен поглед на себе и околината.
Месото е сиромашен извор на витаминот Б12, а во зеленчукот воопшто го нема.






































