
Многу луѓе избегнуваат да јадат одредена храна само затоа што мислат дека се алергични на неа.
Добивате алергија од храна кога имунолошкиот систем реагира на одредена храна. Тоа предизвикува горење на клетките во телото, што понекогаш може да биде штетно по здравјето.
Многу луѓе избегнуваат да јадат одредена храна само затоа што мислат дека се алергични на неа. Но, вистинската алергија од храна е многу ретка и се пренесува во фамилијата. Доколку веќе сте имале ваков случај во фамилијата, подобро направете тестови за да откриете дали и вие сте склони на алергија од храна и променете ја исхраната.
Како се создава алергијата од храна?
Имунолошкиот систем реагира на надворешни непознати протеини и создава антитела кои ги напаѓаат ткивата на телото. Таа реакција што се предизвикува е позната како алергија. Според тоа, одреден вид на храна е алерген. Алерген е всушност непознатиот протеин кој предизвикува системот да создава антитела.
Кои продукти се сметаа за алергени?
Реакцијата за алергија најчесто ја предизвикуваат следниве продукти:
- Школки;
- Млеко;
- Риба;
- Соја;
- Јајца;
- Кикирики;
- Пченица;
- Овошје и зеленчук.
Кои се симптомите за алергија?
Алергиските реакции можат да бидат најразлично, но следниве се вообичаени:
- Отечени усни, лице или грло;
- Чешање околу усните и устата;
- Повраќање;
- Болки во стомакот;
- Дијареа;
- Главоболки;
- Преголем замор;
- Астма;
- Висока температура.
Како да одбегнете понатамошно појавување на алергија?
Најпрво, треба да направите тестови за да одредите на која храна сте алергични. Најефективно решение е да престанете да ја јадете храната што ја создава алергијата.
Медицинските третмани можат да ги намалат симптомите, но нема да ја излечат болеста.
Медицинските лица треба да ви изготват посебна диета со она што смеете и не смеете да го јадете. доколку имате потешка реакција, веднаш консултирајте се со вашиот доктор.
Слични текстови
- 23/07/2010 - Дали сте зависни од секс?
- 07/07/2010 - Витамин Б12 - чувствувајте се подобро!
- 05/07/2010 - Со што се соочуваат жените?
- 29/06/2010 - Анемија - последица на модата
- 16/06/2010 - Заштитете се од дехидратација!
- 03/06/2010 - Техники за намалување на стресот
- 27/05/2010 - Од што се плашите?
- 23/04/2010 - 4 навики што може да ве разболат!
- 06/04/2010 - Дали е време да појдете на лекар?
- 31/03/2010 - Атеросклероза - тивка болест


























