
Јавните тоалети исто така можат да предизвикаат воспаление на мочниот меур бидејќи таму се кријат разни бактерии.
Многу болести и инфекции можат да влијаат врз уживањето за време на летниот одмор. Причина за тие болести е тоа што не размислуваме дали костимот за капење ние мокар, дали боси одиме по плочки, дали сме седнале на туѓ пешкир за плажа, дали тоалетот е чист...
Сето ова влијае врз тоа дали ќе си го расипеме годишниот одмор или не.
Мокриот костим може да предизвика:
Воспаление на мочниот меур
Ненадејните промени на температурата, како што се влегувањето од топла во ладна средина и обратно, влегувањето во ладно море по долгото сончање, можат да предизвикаат воспаление на мочниот меур.
Јавните тоалети исто така можат да предизвикаат воспаление на мочниот меур бидејќи таму се кријат разни бактерии.
Симптоми се често мокрење, печење или пак крв во урината.
Препорачливо е дневно да се пијат по 2 литри течности за да се исчисти организмот од бактерии.
Габични инфекции
Вакви инфекции можат да се добијат дури и од базен. Тие се лепат на костимот и се пренесуваат. Загрозени се оние кои јадат многу слатки, пијат алкохол и имаат ослабен имунитет.
Најчести симптоми се црвенило, чешање, оток, и зголемен вагинален исцедок. За да не ве снајде ваков проблем, секогаш внимавајте на хигиената.
Воспаление на јајниците
Вакво воспаление се добива по одмор на море. Најчесто е предизвикано од влегување во ладна вода, откога подолго време сте биле изложени на сонце.
Најчести симптоми се болки во долниот дел од стомакот, зголемена телесна температура.
Ваквото воспаление може да се лечи со антибиотици препишани од лекар.
За време на воспаление, важно е да не одите боса и стомакот да ви биде сув.


















































