
Треба во организмот да внесувате повеќе витамин Ц, а тоа ќе го сторите доколку внесувате повеќе овошје и зеленчук.
Понекогаш се случува дури и со добар сон да се чувствуваме уморно и дека не можеме да функционираме воопшто. Во тие моменти, не сме болни, туку организмот има недостаток на витамин Ц.
Симптоми за умор
Намалена концентрација
Често зевање
Брзо заморување при некоја активност
Потреба за сон во текот на денот (иако добро сте се наспале).
За да се решите од заморот, треба да направите промени во исхраната. Треба во организмот да внесувате повеќе витамин Ц, а тоа ќе го сторите доколку внесувате повеќе овошје и зеленчук.
Но, внесувањето на витамин Ц не треба да се случува само кога ќе почувствувате замор. Него треба да го внесувате постојано.
Покрај витамин Ц, друг лек против заморот е да легнувате порано. Избегнувајте да се излежувате во кревет, откако ќе се разбудите. Вежбајте околу десетина минути за да ја активирате циркулацијата. Секако дека ова на организмот ќе му биде шок, но верувајте дека е позитивен.
Циркулацијата можете да ја активирате и со брзо триење на кожата додека се туширате.
Исхрана за повеќе енергија
Појадокот е најважниот оброк во денот. Можеби нема да биде премногу богат, но одбирајте намирници кои ќе ви дадат доволно енергија до ручекот.
Ручајте порано. Ручекот нека биде обилен, но со повеќе зеленчук. Избегнувајте тешка храна, затоа што само ќе ве замори наместо да ви даде енергија.
Вечерајте лесна храна. Не правете го тоа непосредно пред легнување.


















































