Се повеќе млади луѓе, се воздржуваат од секакви задоволства без разлика на тоа што изгледаат како една голема вреќа со коски. Неправилната исхрана, вечно на диета, изгладнување по цел ден, сето тоа ви звучи познато. Но, се наметнува прашањето кои се факторите ,од психолошки аспект, кои не доведоа во ситуација анорексијата и булимијата да станат проблем број еден.
ФАКТОР бр 1: сите жени во нашиот животНиту една мајка не би му ја забранила храната на детето. Но, децата впиваат се што ќе видат во околината. А, тука се мисли на сите оние стресови што ги имале нашите мајки при секое облекување, жалењето колку се дебели, избегнувањето на благото. Од почеток само како сведоци на таквото дело, за подоцна да станат сторители на истото.