
Бакнувајте ги и прегрнете ги најблиските. Ќе ви дадат чувство на сигурност и љубов. Тоа е се што ви е потребно за да го намалите стресот.
Не е секогаш лесно да се релаксирате. Имате премногу обврски и не знаете што попрво да завршите. Згора на тоа, главата почна да ве боли и стресот да ве обзема. Ние ви нудиме неколку методи со кои ќе го намалите стресот.
Кажете неколку пцовки
Грдите зборови го намалуваат стресот и ја отстрануваат напнатоста. Можеби не секогаш ќе бидете во можност да го направите тоа, па затоа заклучете се во тоалетот и дајте си оддишка.
Консумирајте рибно масло
Оние кои консумираат рибно масло се посреќни и потолерантни. Дури и да не ви се допаѓа вкусот, земете со сила. Веднаш ќе ја забележите разликата.
Консумирајте темна чоколада
Таа веднаш ќе ве релаксира и ќе го намали стресот.
Масажа на дланките
Масажата на делот помеѓу палецот и показалецот делува антистресно. Со масирање на овој дел, напнатоста и стресот ќе попуштат.
Гледајте смешни видео клипови
Самата помисла на некоја смешна ситуација ќе ве насмее и веднаш ќе заборавите на стресот. Затоа, побарајте на интернет некои смешни видео клипови и уживајте во смеата, а не во стресот.
Прегрнете ги најблиските
Бакнувајте ги и прегрнете ги најблиските. Ќе ви дадат чувство на сигурност и љубов. Тоа е се што ви е потребно за да го намалите стресот.


















































