
Инфекцијата трае неколку недели, а потоа состојбата на луѓето се подобрува. Други пак, можат да имаат сериозни проблеми со црниот дроб и да умрат.
Што е хепатит Б?
Хепатит Б е заразна болест предизвикана од вирусот хепатит Б, кој го напаѓа црниот дроб и ја предизвикува болеста хепатит.
Оваа болест има предизвикано епидемии во делови од Азија, Африка и Кина. Околу една третина од светската популација, а тоа е повеќе од 2 милијарди луѓе, биле заразени со овој вирус. Ова вклучува 350 милиони хронични носители на вирусот. Вирусот се пренесува преку заразена крв или телесни течности.
Оваа болест може да предизвика воспаление на црниот дроб, повраќање, жолтица и во многу ретки случаи - смрт. Хроничниот хепатит Б може да предизвика цироза или пак рак на црниот дроб.
Знаци и симптоми
Акутната инфекција е поврзана со жолтицата, што започнува со губење на апетит, гадење, повраќање, болки во телото, зголемена температура, темна урина, а потоа и напредува кон развој на жолтица. Исто така, доколку ве чеша кожата, тоа може да биде уште еден знак за оваа инфекција.
Инфекцијата трае неколку недели, а потоа состојбата на луѓето се подобрува. Други пак, можат да имаат сериозни проблеми со црниот дроб и да умрат.
Хроничните носители на овој вирус треба да одбегнуваат консумирање на алкохол за да го намалат ризикот за цироза и рак на црниот дроб.
Како се пренесува?
Вирусот се пренесува преку контакт со заразена крв или телесни течности кои содржат заразена крв.
Исто така, вирусот може да се пренесе преку незаштитен секс, трансфузија на крв, употреба на заразени игли или пак од мајка на дете.
Превентива
Во денешно време, измислени се вакцини кои го спречуваат ширењето на овој вирус. По примањето на овие вакцини, состојбата на пациентот се следи неколку дена за да се забележат првобитните реакции од вакцината.
За акутниот хепатит Б не е потребно посебно лекување затоа што многу често болеста сама се губи, но кај хроничните носители на вирусот, лекувањата се потребни за да се намалат шансите за цироза и рак на црниот дроб.
Ниту еден лек не може целосно да ја исчисти болеста, но можат да го спречат вирусот уште повеќе да се прошири и со тоа да ја намалат штетата на црниот дроб.
Дали може вирусот повторно да се врати?
По инфекцијата, вирусот се уште е во организмот и кај некои луѓе, болеста може повторно да се активира. Тоа најчесто се случува кај луѓе со намален имунитет.
.gif)






















.gif)























